Охриѓанец фатил докторка за врат да ја дави – Не му се чекало ред

t

62 годишна докторка инфектолог нападната од пациент во Охрид. Немилиот настан се случил утринава на инфективното одделение каде се сместени паценти позитивни на корона вирусот еден од нив кој не сакал да чека на ред најнапред вербално а потоа и физички ја нападнал докторката но за среќа инцидентот го спречиле оние кои биле присутни во болницата. Директорот на охридската болница, Балески за Сител го потврдил случајот додавајќи дека болницата периодов е под огромен притисок, само за 24 часа во интерното и инфективното одделение имало 150 пациенти.

Директорот на болницата Балевски најави дека секој напад е за осуда и треба да го решат надлежните институции.

Од охридската полиција пак најавија дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Инаку ова не прв пат здравствените работници во болницата да бидат нападнати од страна на револтирани пациенти кои најнапред започнувале како вербални а потоа прераснувале и во физички.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…

Јакимовски: Како претседател ќе се залагам за…

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Стевчо…

Пожар во угостителски објект во центарот на…

Пожар избувна во централниот дел од Охрид.…

(Документи) Се местеле ли тендери за фирма…

Фирма блиска до потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар…