Охриѓани го бараат Партениј за Митрополит
По повод големиот христијански празник Богојавление, со посебна чест за охриѓани овој пат крстот ќе биде положен од страна на неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан, кој администрира со Дебарско-кичевската епархија после упокојувањето на владиката Тимотеј.
Се очекуваше од охриѓани да не ја пропуштат шансата да ја искажат својата радост за Неговото доаѓање, и ја пресретнаа добрината Негова со транспаренти во кои ги пренесоја своите желби на Архиепископот Стефан, за поставување на епископот Антаниски г. Партениј за Митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Тие мирно и достоинствено ја изразија својата верба во вистинската татковска одлука на Архиепископот Стефан и отворено ја изразија својата поддршка за владиката Партениј, барајќи го да биде поставен за Митрополит на местото на дедо Тимотеј.




ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Последната наредба војникот Т. Славески ја доби…
Гувернерот на Народната банка на Македонија, Трајко…
БОР Е ВТОР ГРАД СО НАЈВИСОКИ ПЛАТИ…
Српскиот град Бор, познат по своите големи…
Јанша: ЕУ мора да има еден претставник…
Словенечкиот премиер Јанез Јанша денес изјави дека…
Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин:…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Бремена жена со хематоми по телото пријавила…
Четириесет и двегодишна жена од Босна и…