Оштетен автомобилот на новинарот Насер Селмани – случајот пријавен во полиција

t

Новинарот Насер Селмани на својот Фејсбук профил објави дека непознато лице со нож ја оштетило гумата на неговиот автомобил паркиран пред зградата каде што живее во Скопје.

„Не должам на никого и немам конфликт со никој“, напиша Селмани, додавајќи дека случајот веднаш го пријавил во полиција и имал телефонски разговор со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„Го информирав министерот за инцидентот и побарав да се откријат авторите и инспираторите. Тој ми вети дека ќе работат на расветлување на случајот“, напиша Селмани.

Во статусот тој порача дека е новинар, не е член на политичка партија, и дека е дел од Движењето Албански свет. Упатил и јавен апел до премиерот Христијан Мицкоски и лидерите на албанските партии да го осудат нападот, кој го нарече „грозен чин против новинар и против слободата на говорот“.

Селмани изрази сомнежи дека зад нападот стојат инспиратори, но најави дека ќе почека полицијата да ја заврши истрагата. Доколку во рок од две недели случајот не биде разрешен, тој најави дека ќе ги сподели своите сомнежи со јавноста.

„Ако некој мисли дека со криминални методи може да ме исплаши, многу греши – избрале погрешен човек“, додаде новинарот.

Тој најави и дека доколку институциите не го решат случајот, ќе побара заштита и од меѓународните организации, како и од Албанија и Косово, за, како што вели, „заштита на Албанците и загрозените албански новинари во Скопје“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Подготвен сум да бидам премиер

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се…

Бројот на рецепти за лекови за слабеење…

Бројот на рецепти за лекови за слабеење…

Зеленски: Виткоф и Кушнер ќе го посетат…

Американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер…

(Фото) Трамп ќе гради триумфална капија, висока…

Претседателот на САД, Доналд Трамп сака да…

Германската полицијата е во потрага по маж…

Германската полиција бара маж осомничен за извршување…