Објавено на:

ОЈО Велес бара притвор за 25-годишното момче кое прегази човек

t

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен жител на селото Виничани за кого постои основано сомнение дека со умисла лишил од живот едно лице, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира ОЈО, на 19 јули годинава настанала вербална расправија за водоводна цевка во селото меѓу таткото на осомничениот и жртвата, по што осомничениот заминал дома, го зел автомобилот „фиат панда“, сопственост на неговиот татко и со многу голема брзина се упатил директно кон оштетениот, намерно удирајќи го со возилото.

При ударот, оштетениот со глава удрил во ветробранското стакло на автомобилот, излетал во воздух и се закачил на жичана ограда од двор, по што паднал на земјата, здобивајќи се со многу тешки телесни повреди од кои починал на лице место.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот, но и веројатност дека би можел да го повтори или да стори ново кривично дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Вардар во Велес најдено тело на…

Во реката Вардар во близина на место…

Сопругата на Апасиев за Каевски, Димевски и…

Циркус за народ, по шаблон, крупните риби…

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

Помалку познати факти за Гемиџиите од Апасиев…

ЗА ГОДИШНИНАТА ОД СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАТИ НА ГЕМИЏИИТЕ…

Станала директорка со лажен сертификат за познавање…

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање…