ОЈО: Во случајот со Јана нема кривично дело

t

Постапките на сите здравствени работници вклучени во лекувањето на малата јана биле во согласност со сите правила и начела на медицината и нема основ за кривично гонење.

Ова е конечната одлука на надлежното јавно обвинителство – Битола . Оттаму појаснуваат дека одлуката следи по вештачење засновано на целокупната медицинска документација, здравствената историја и наодот од обдукција, како и исказите на испитаните здравствени работници и на родителите.

Основното јавно обвинителство битола до семејството на починатата го достави интегрално извештајот од институтот за судска медицина во кој експлицитно е наведено дека во постапувањето на медицинскиот персонал која го лекувал девојчето на 22.03.2023 година не се содржани елементи на кривичното дело несовесно лекување болни од член 207 од кз или некое друго кривично дело кое се гони по службена должност, стои во соопштението во кое се додава дека обвинителството ќе ги разгледа сите евентуални иницијативи за дополнителни проверки кои ги најавуваат застапниците на оштетеното семејство, иако до овој момент такви не се пристигнати .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…

Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…

Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…

Во просториите на Општина Тетово се одржа…

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…