ОЈО врши увид за пожарот во Крива Паланка, обдукцијата ќе ги покаже причините за смртта на починатиот

t

Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на терен во врска со пожарот во Крива Паланка, соопштија од Обвинителството.

– Во однос на пожарот вчера во близина на Крива Паланка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место. Дадена е наредба за обдукција на телото на едно починато лице. Увидните дејствија се делумно завршени, бидејќи на дел од опожарената локација се уште постои опасност од разгорување и не се создадени услови до овој момент. – стои во соопштението.

Пожарот во Крива Паланка вчера зема и една жртва, неофицијално човекот починал додека го бранел сопствениот дом од огнената стихија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но…

Недостигот на јавни обвинители, несоодветните просторни услови…

„Сум бил свиња и сакал да ме…

Премиерот Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање…

(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани

Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Живеат во страв за својот живот, маж…

Девојка од Куманово, на својот Инстаграм профил,…