ОЈО ГОКК потврди: Член на обезбедувањето на Мицкоски оди во притвор!
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција при ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против самостоен инспектор припадник на Единицата за лично обезбедување на Претседателот на Владата на РСМ, осомничен дека од користољубие сторил кривично дело Оддавање службена тајна.
Осомничениот како службено лице, вечерта на 30.3.2025 година на паркинг просторот пред хотел во Велес се сретнал со неповикано лице – сведок во постапката и му покажал службени документи на МВР, што претставуваат службена тајна. Притоа му дозволил на сведокот истите да ги снима, кажувајќи му кој документ за што се однесува. На овој начин, осомничениот од користољубие, а со цел да бидат објавени на социјалните мрежи, сторил достапни службени документи што претставуваат службена тајна, со цел да прибави паричен износ од 50.000 евра од лицето за кое се однесувале документите.
Ценејќи ги околностите јавниот обвинител утврди дека се исполнети условите, па на судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје му предложи на осомничениот да му определи мерка притвор во траење од 30 дена, кој предлог беше прифатен од судот.
За ова кривично дело предвидено и казниво по член 360 од КЗ е предвидена затворска казна од најмалку една година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Живеат во страв за својот живот, маж…
Девојка од Куманово, на својот Инстаграм профил,…
ОЈО бара забрана за предавање за професорката…
Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за…
Осомничените за милионскиот криминал во Лотарија не…
ОЈО проверува дали воопшто има кривично дело,…
ОЈО: Сите осомничени во предметот за ФФМ…
Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран…
Украле 3.5 милиони евра и избегале од…
Два цели денови им беа потребни на…