ОЈО ГОКК со детали за акцијата: Запленети 324 килограми марихуана, лишени од слобода се македонски и косовски државјанин

t

Во рамките на меѓународната соработка помеѓу обвинителствата и надлежните служби за борба против недозволена трговија со дрога на Република Северна Македонија, Косово и Грција, денеска беше реализирана координирана акција во Солун, при што е сузбиена меѓународна организирана криминална група.

Во акцијата од слобода се лишени еден македонски и еден косовски државјанин. При контрола на товарно моторно возило, во приколка биле пронајдени и запленети 324 килограми наркотична дрога марихуана, скриени во осум палети со хартија.

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во попладневните часови Одделот за криминалистичка полиција изврши претреси на повеќе локации на територијата на државата, со цел откривање на евентуално инволвирани други лица, како и обезбедување на дополнителни докази и предмети поврзани со кривичното дело.

Акцијата е резултат на континуирана и координирана меѓународна соработка во борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со наркотични дроги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

Јавното обвинителство ја следи ситуацијата со Алта…

Дали Обвинителството нешто истражува и дали ќе…

Студентската листа во Србија бара оставки во…

Претставниците на Студентската листа „Студентите победуваат“ во…

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но…

Недостигот на јавни обвинители, несоодветните просторни услови…

„Сум бил свиња и сакал да ме…

Премиерот Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање…