ОЈО истражува евентуално кривично дело во КХС поради несобирањето на ѓубрето

t

Основното јавно обвинителство Скопје постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во ЈП Комунална хигиена во Скопје, соопштија од ОЈО.

– Јавниот обвинител издаде наредби до МВР и до други надлежни органи за итно постапување и проверки во однос на работењето на ЈП „Комунална хигиена“. Доставени се барања до комуналните инспекциски служби да извршат вонреден инспекциски надзор и да ја констатираат моменталната состојба, велат од Обвинителството.

– Во врска со проблемот со собирање и транспортирање на комуналниот отпад на територијата на Град Скопје, заклучи, Владата на денешната седница ги донесе следните заклучоци:

Се задолжуваат Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје, во соработка со Министерството за внатрешни работи, согласно своите законски надлежности, веднаш да отпочнат со координиран вонреден инспекциски надзор на територија на Град Скопје, со цел утврдување на состојбата со комуналниот и друг вид на отпад и преземање соодветни мерки и активности.

Воедно, се задолжува и Министерството за внатрешни работи, во соработка со надлежните институции, а се укажува на Град Скопје-Сектор инспекторат, да постапат согласно своите законски надлежности и да го испитаат работењето на ЈП Комунална хигиена-Скопје и градоначалникот на Градот Скопје во врска со несобирањето на комуналниот отпад, кој предизвикува опасност по здравјето на луѓето, велат од Владата.

Арсовска утрово повторно обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ја опструираат работата на ЈП Комунална хигиена преку управниот одбор на претпријатието чија претседателка е од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…

Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…