ОЈО Куманово оформува предмет хаваријата во Булмак и загадувањето во Крива Река

Основното јавно обвинителство во Куманово денеска објави дека е оформен предмет во врска со ситуацијата на Крива Река и тврдењата на општината за загадување по хаваријата во рудникот Тораница. Сепак, од обвинителството нагласуваат дека до овој момент не е пристигната официјална пријава од општината.
„Досега, кривична пријава од општината Крива Паланка не е поднесена, но обвинителството веќе презема мерки. Оформен е предмет, а ОЈО ги повика инспекторите за животна средина, кои извршија контрола. Тие доставија извештај од своето постапување до обвинителството. ОЈО продолжува со преземање на други дејствија, вклучително и издавање наредби и вештачења“, информираа од ОЈО Куманово за МИА.
Во меѓувреме, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска презентираше нови анализи кои укажуваат на сериозно загадување на водата во реката. Вчера, менаџментот на компанијата „Булмак 2016“ негираше дека техничкиот проблем во рудникот Тораница довел до загадување на Крива Река.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО Куманово оформува предмет хаваријата во Булмак…
Основното јавно обвинителство во Куманово денеска објави…
Градоначалникот го покани директорот на Булмак да…
Извештајот кој Општина Крива Паланка го доби…
Градоначалникот на Крива Паланка до директорот на…
Ако имавме држава Тоневски ќе беше на…
Судот ги пушти во куќен притвор Ратко…
Поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и…
Обвинителството отвори истрага за смртта на Ведат:…
Кумановското обвинителство отвори предистражна постапка за случајот…