ОЈО отвори предмет за починатото новороденче – вонреден инспекциски надзор во прилепската болница и на Детска клиника!

t

Покрај во прилепската, Државниот здравствен и санитарен инспекторат, врши вонреден инспекциски надзор и во скопската детска клиника. Од Инспекторатот, во телефонски разговор велат дека штом биде завршен вонредниот надзор јавноста ќе биде информирана со детали.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити денеска рече дека штом заврши надзорот ќе ја извести јавноста. Од Обвинителството, по однос на случајот со бебето кое почина, велат дека оформиле предмет.

„Основното јавно обвинителство – Прилеп оформи предмет непосредно по настанот. Земен е исказ од мајката, а с еочекува постапувањето и на надлежните органи кои вршат вонреден надзор во медицинските установи, по што ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката.“ – велат од ОЈО.

Таткото на починатото новороденче вчера реагираше до медиумите дека кај мајката претходно не била евидентирана никаква бактерија и сите исппитувања биле уредна. Се сомнева дека во болницата во Прилеп не ја кажуваат вистината за целиот случај и дека не му е јасно како здраво родено дете кое треба да добие отпуст од болница, добило сепса.

Бебето било родено во болницата во Прилеп, а потоа префрлено на Детската клиника во Скопје, каде починало по една недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски оствари средба со Варнс: Фокус на…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

Мелони предупредува: Европа ризикува да остане без…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони предупреди дека Европската…

МВР: За само пет дена 25 пријави…

Во периодот од 1 до 5 ноември,…

НАРОДНАТА БАНКА СО ДЕТАЛИ ЗА ТРАНСАКЦИИТЕ НА…

Народната банка на Македонија денеска, 5 ноември,…

Пример за многу други: Хориха во првиот…

Македонската ракометна репрезентација вчера забележа победа против…