ОЈО поведе постапка за сообраќајната несреќа во Волково
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничената 40-годишна скопјанка, на 3 јануари вечерта во Волково управувала автомобил Мерцедес, задржувајќи ист правец на движење, но без притоа да обрне доволно внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот.
Со предниот десен дел од возилото удрила во телото на пешакот Горан Иваноски кој се движел покрај десниот рабник вдолж коловозот, во истата насока пред автомобилот, иако бил должен како пешак да се движи по тротоарот. Од ударот пешакот се здобил со повреди од кои починал на лице место.
Јавниот обвинител издаде повеќе наредби за вештачења со цел утврдување на сите околности на сообраќајната несреќа, а во меѓувреме за осомничената се предложени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште и одземање на патната исправа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автомобил удрил во човек во инвалидска количка
На улицата „Борис Трајковски“ во Скопје се…
Савески: Еден обвинител работи за тројца, но…
Недостигот на јавни обвинители, несоодветните просторни услови…
„Сум бил свиња и сакал да ме…
Премиерот Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање…
Трагедија: Маж загина откако со мотоцикл удри…
На 06.09.2026 година околу 13:00 часот во…
Тетовец возел со три промили алкохол во…
На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…