ОЈО со ново обвинение за узурпација на државно земјиште пренаменето во паркинг во општина Чаир
Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе обвинение против физичко и правно лице за узурпација на државно земјиште во Општина Чаир, кое било нелегално користено како див паркинг.
Земјиштето, наменето за изградба на катна гаража, било претворено во паркинг-простор од август 2023, каде што обвинетиот поставил рампа, пункт за наплата и ангажирал вработен за наплатa. Обвинителството предлага мерка на претпазливост за забрана на понатамошна злоупотреба на државното земјиште.
Ова е втор ваков случај за два дена за диви паркинзи во Чаир. Вчера исто така беше подигнато обвинение за див паркинг на парцелата кај Здравствениот дом Скопје – Поликлиника Битпазар, пренаменета во див паркинг простор. Осомничениот таму поставил рампа и наплатен пункт, а за услугата наплаќал по 50 денари за 90 минути, со што го ограничил и контролирал влезот и излезот од земјиштето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЗО уште чека информација од Русија за…
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сè…
Рубио остро ги осуди нападите врз Саудиска…
Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги…
ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври…
ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври…
Маск го поддржа Трамп во критиките кон…
Американскиот милијардер Илон Маск се приклучи кон…
Полските власти добиле информации за можен напад…
Полските власти добиле информации за можен напад…