Оџа од Митровица со бизарен апел до Албанците: Не јадете храна од Србија, го јакнеме непријателот
Екрем Авдиу, оџа од Митровица за време на проповедање во џамија упатил бизарен апел до Албанците да не консумираат српски производи.
Авди во својот говор навел дека со купувањето српски производи „се јакне економијата на непријателот“.
„Не купувајте, не консумирајте производи од Србија, консумирајте домашни производи, бидејќи на тој начин економијата на Косово расте и се развива. Со купувањето српски производи ја јакнете економијата на непријателот“, кажал тој.
Она што најмногу зачудува е тоа што оџата во џамија, каде би требало да проповеда љубов и меѓусебно почитување и покрај различностите, повикува на откажување од храна само затоа што доаѓа од Србија, пишува Б92.
На овој начин оџата може само да им наштети на Албанците кои ќе го послушаат неговиот совет бидејќи производи со потекло од Косово има многу малку во тамошните продавници, и останува прашањето дали оџата Авдиу со овој апел всушност им го нарушува секојдневието, но и колку верници се всушност спремни да го послушаат имајќи ја предвид бизарноста на барањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…
Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…
Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…