„О2“ бара одземање на А-интегрираната дозвола на Булмак 2016 по хаваријата во Тораница!

t

Ние го следиме случајот од дента на инцидентот, ситуацијата се одвиваше така што се случија работи што сметаме дека не смее да се случат. Испратено е денес до министерството за животна средина и директорката на ДИЖС, истакна денеска во гостување на ТВ24 претставничка на иницијативата О2.

– Сметаме дека А-интегрираната дозвола на Булмак 2016 со трет прекршок има можност да ВИ биде одземена и тоа и бараме да се случи. Бараме од министерот да го повика ПМФ и да излезат да ја утврдат фактичката состојба со живиот свет во Тораничка и Крива Река.

Бараме да се утврди зошто државните инспектори не постапиле согласно Законот на денот на хаваријата, да се утврди дали го почитувале Законот за инспекциски надзор и да се испита нивниот потенцијален судир на интерси и да се утврди одговорност за необјавување на инспекциските акти, кои треба да се објават за 5 дена, а не беа објавени 10-15 дена. Ќе одиме со барања и до Владата и Собранието за измена на Законот за јасно дефинирање на ингеренциите на инспекторите, истакна активистката на иницијативата О2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…