Објавено на:

О2 Иницијатива: Се прави крос патека за мотори кај аквадуктот!

t

Се прави крос патека за мотори кај аквадуктот, споменик прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, објави на својот профил на фејсбук О2 Иницијатива.

Режимот на заштита на Аквадуктот забранува да се внесуваат капацитети или да се воведуваат нови намени што предизвикуваат бучава, вибрации и загадување на околината.

Од О2 иницијативата велат дека поднеле претставка до Управата за заштита на културно наследство, инспекторатот на град Скопје – град Скопје управува со споменикот и треба да има изготвено план за управување и општина Карпош, на чија територија се наоѓа аквадуктот.

„Да видиме колку се почитува одлуката за овој споменик како културно наследство од исклучително значење“ велат од О2 Иницијатива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Епископ Партениј: Државата и јазикот ни се…

Пишува Епископ Антаниски Партениј,Игумен на Свештената Бигорска…