„Паднаа“ вкупно шест дилери во Скопје за еден ден
Во текот на изминатотот деноноќие повеќе апсења за дрога на подрачјето на главниот град.
– На 06.11.2024 во 22.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода М.К.(22) од село Бардовци, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
– На 06.11.2024 во 23.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, ги лишиле од слобода Б.А.(37) и Т.М.(43), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја и нож.
– На 06.11.2024 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
– На 06.11.2024 во 20.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(23) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На 06.11.2024 во 17.00 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.В.(42) од село Ново Село, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и дигитална вага.
По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следува соодветен поднесок против сторителите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…