Паднаа првите глоби: Три маркети на КАМ ќе платат големи казни поради криење на зејтинот од рафтовите

t

Три маркети во Скопје, од Пазарната инспекција добија вкупна казна од 12.000 евра за фирмата и вкупна казна од 3.600 евра за одговорното лице, поради условување за купување на производ, откако зејтинот го тргнаа од полиците, а иако го имале на залиха, го даваа само ако купувачите направат сметка од 800 денари.

Во јавноста протекоа снимки како во маркети на трговскиот синџир „КАМ“, на купувачите им се сугерира дека зејтин можат да добијат само гратис, со направена сметка над 800 денари.

Директорката на пазарниот инспекторат Анета Симеска – Димоска за НОВА ТВ изјави дека казните се согласно Законот за потрошувачи за условување на купување на производ. Притоа таа не наведе за кои маркети станува збор. „Потрошувачите не смее да бидат условувани на тој начин, гратис може да се даваат само поситни артикли кои дополнуваат одреден производ. Маркетот не ставил на видно место информација за таквата акција, а дополнително утврдивме дека тие имале зејтин на залиха“, вели таа.

Според наши извори инспекторите деновиве направиле проверка во повеќе маркети на „КАМ“, по пријави на потрошувачи кои дури и снимале од терен за малверзациите со прехранбените артикли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битиќи: Предметите не застаруваат заради измените на…

Вицепремиерот Фатмир Битиќи во гостување во Само…

Големите маркети ја прифатија одлуката на владата…

Над 50 производи, ќе бидат намалени за…

Владата со одлука забрани акции и промоции…

Владата на денешната 185 седница, на предлог…

Професорот Калајџиев: Ефект не се постигнува со…

Подобро е да се осигура дека злоупотребите…

(Видео) Бугарите собираа пари за да ги…

МВР вчера уапси 19 бугарски навивачи пред…