Објавено на:

Падна Владата на Романија

t

Романскиот парламент ја собори десноцентристичката влада на премиерот Илие Боложан, откако денеска изгласа недоверба на неговата влада, објави „Политико“.

– Ова гласање за недоверба е лажно, цинично и вештачко. Секоја земја, во мноштво кризи, би се обидела да ги консолидира владите, а не да ги менува – се пожали Боложан за време на тензичната дебата одржана пред гласањето.

Левоцентристичката Социјалдемократска партија (СДП) одигра решавачка улога во успешното гласање за недоверба. Разочарани од строгите политики на штедење во Букурешт, минатиот месец групата се повлече од владата предводена од Националната либерална партија на Боложан и најави дека ќе соработува со крајнодесната „Алијанса за обединување на Романците“ за да го собори премиерот.

Падот на премиерот Боложан ги стави романските социјалисти во непријатна ситуација поради нивната соработка со крајната десница.

Овој потег, инициран од Џорџе Симион, внесува политичка и економска нестабилност во клучен момент за европските фондови на Романија. Иако Симион бара избори, претседателот Никушор Дан, кој ја гарантира прозападната насока на земјата, очекува консултации за формирање нова влада.

Се разгледуваат опции за технократски кабинет или малцинска влада, со цел да се избегне кризата до редовните избори во 2028 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Романија крена НАТО ловци откако дрон влезе…

Романија активираше НАТО борбени авиони откако дрон…

Романија би можела да го воведе еврото…

Романија би можела да го усвои еврото…

Воздушна тревога во Романија: Авион на НАТО…

Романското Министерство за одбрана денес објави дека…

Уште еден дрон се урна во Романија

Уште еден дрон се урна во Романија.…

Бугарија, Романија и Шпанија потпишаа договор за…

Бугарија, Романија и Шпанија потпишаа трилатерален технички…