Падна златото, грам чини 130 евра
Златото, кое до неодамна рушеше рекорди, денес се соочува со силен притисок и нестабилност. Според најновите податоци, благородниот метал се тргува за околу 4,050 до 4,100 евра за унца или 130 евра за грам, што претставува значителен пад од неодамнешните врвови.
Инвеститорите се затекнати, по драматичниот раст, следуваше корекција што избриша дел од добивките за само неколку дена. Велат дека зад оваа турбуленција стои комбинација од повеќе фактори како зајакнат долар, раст на каматните стапки и неизвесност на глобалните пазари.
Аналитичарите посочуваат дека интересот за злато останува висок, особено поради геополитичките ризици и политиките на централните банки. Во последниот период, златото бележи и долгорочен раст, што дополнително го зацврстува неговиот статус како заштита од економски шокови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Службеник на ЦИА украл над 300 килограми…
Дејвид Раш, поранешен извршен службеник во Централната…
Падна цената на златото на светските берзи
Падна златото на светските берзи. Цената за унца…
Златото денес чини 126 евра за грам
Цената на златото денес на светските пазари…
Денес грам злато чини 130 евра
Цената на златото на светските пазари денес…
Златото поевтино од вчера, грам се тргува…
Цената на златото денес на светските берзи…