Падна и првото апсење на Табановце поради брзо возење во Македонија: Ќе му се суди на Холанѓанец

t

Странски државјанин бил лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, откако било утврдено дека со своето „порше“ возел со брзина од 168 километри на час, иако на делницата максимално дозволената брзина била 80 километри на час.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил регистриран денеска (21 август) во 13:15 часот при излез од Македонија. Полициски службеници извршиле проверка на патничкото возило „порше“ со холандски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот М.А., државјанин на Холандија.

При проверката преку системот „Safe City“ било констатирано дека лицето е евидентирано како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Според податоците од системот, тој возел со 168 километри на час на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

М.А. бил лишен од слобода, а против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за стореното кривично дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна и првото апсење на Табановце поради…

Странски државјанин бил лишен од слобода на…

Напаѓач со меч рани неколкумина во шведско…

Напаѓач вооружен со меч рани неколку лица…

Израел го критикуваше Ердоган поради налогот за…

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја…

Водата во две велешки села небезбедна за…

Жителите на велешките села Иванковци и Кумарино…

Македонија пред нов топлотен удар: Утре температурите…

Македонија во сабота повторно ќе се соочи…