Падна покрив на училиште во Пакистан, загинаа 21 ученик и наставник
Голема трагедија го потресе Пакистан откако се урна покривот на приватно училиште. Десетици ученици се повредени, некои се борат за живот, додека спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до децата заробени под урнатините.
Ужасна трагедија се случи во Пакистан, каде што се урна покривот на приватно училиште, при што загинаа најмалку 22 лица. Повеќе од 35 ученици се повредени, а се стравува дека бројот на жртви може да се зголеми бидејќи некои деца се уште се заробени под урнатините.
Несреќата се случила во градот Пешавар, каде што се урна покривот на зграда додека учениците биле во приватно училиште. Според досегашните информации, најмалку 21 дете и нивниот наставник загинале, додека повеќе од 35 ученици се повредени.Спасувачките екипи веднаш биле испратени на местото на трагедијата и се обидуваат да стигнат до децата заробени под урнатините на зградата.
Билал Фаизи, портпарол на службите за итни случаи, потврди дека неколку ученици се уште се заробени под урнатините и дека спасувачките операции се во тек.
Повредените ученици се однесени во болницата „Лејди Ридинг“, каде што портпаролот Мохамад Асим изјави дека некои од нив се во критична состојба, објави „Скај њуз“.
Според достапните информации, се верува дека сите деца што починале биле помлади од 13 години.
Причината за уривањето на покривот сè уште не е позната, а околностите на оваа сериозна несреќа сè уште не се утврдени
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна покрив на училиште во Пакистан, загинаа…
Голема трагедија го потресе Пакистан откако се…
Пакистан го повика в.д. амбасадорот на Индија…
Пакистан го повика денеска вршителот на должноста…
Саудиска Арабија доби воена помош од Пакистан
По ескалацијата на конфликтот во Јемен, Пакистан…
(Видео) Напад на бомбаш-самоубиец, најмалку 14 загинати…
Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци,…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…