Падна уште еден град: Градоначалникот им го предаде градот на Русите
Градоначалникот на Купјанска, Генадиј Мацегора изјави дека градот е под контрола на руските војници.
Тој напомена дека од утре градинките и училиштата ќе се вратат на вообичаениот распоред за работа, се наведува во видео пораката на Мацегор од 27 февруари.
Пред четири дена сите го напуштија градот: СБУ, обвинителство, воена канцеларија, одред на одбраната. Останавме сами. Јас со моите подредени и подрачната полициска управа која до овој момент беше и е до мене, рече Мацегора.
Мацегора спомна дека негова лична одлука била градот да им го предаде на Русите.
Јас ја донесов оваа одлука. Одлуката е моја. Одговорноста за тоа што се случува во градот е на мене. Цело време сум во градот и останувам. Сите прашања за одржување на животот се на мене, додаде градоначалникот .
Градоначалникот потврди дека болницата, училиштето, градинките ќе работат.
Од утре ќе работиме вообичаено. Не се плашиме од провокации, на кои, според армијата, соодветно ќе реагираат, рече Мацегора.
Дополнително, тој нагласи дека е време граѓаните да се вратат во живот, порачувајќи им слободно да излезат од подрумите и засолништата за бомби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Норвешка подготвува штит против дронови на границата…
Норвешка ќе распореди дополнителни сензори за противвоздушниот…
ДВЕ СОМНИТЕЛНИ ВОЗДУШНИ ЦЕЛИ ПРЕСРЕТНАТИ КАЈ ГРАНИЦАТА…
Две воздушни цели биле забележани во близина…
(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА) ИНЦИДЕНТ ВО БЛИЗИНА НА КИЕВ:…
Сериозен инцидент во кој се вклучени припадници…
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…