Пад на бројот на прегледи во Гостивар, потврдени 13 случаи на западнонилска треска објави

t

Епидемиолошката состојба во Гостивар покажува знаци на подобрување, со значително намалување на бројот на лица кои побарале лекарска помош, информира Министерството за здравство.

Според последните податоци, во текот на вчерашниот ден биле извршени 36 прегледи, што е речиси двојно помалку во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 73 прегледи. Во моментов во болница се лекуваат четворица пациенти.

Од почетокот на следењето на состојбата, реализирани се вкупно 4.483 први прегледи, а обработени се 706 епидемиолошки анкети.

Од Министерството оценуваат дека намалувањето на бројот на прегледи е позитивен показател, но нагласуваат дека здравствените институции и понатаму внимателно ја следат состојбата и спроведуваат засилен епидемиолошки надзор.

Во меѓувреме, заклучно со 30 јули, во земјава се потврдени 13 случаи на западнонилска треска. На Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се 10 пациенти, од кои тројца се во критична состојба.

Како дел од превентивните активности, во текот на ноќта беше спроведена дополнителна терестичка дезинсекција против комарци, со цел да се намали ризикот од понатамошно ширење на инфекцијата.

Министерството за здравство соопшти дека останува во постојана координација со надлежните институции и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови случувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов скандал ја тресе Бугарија: Радев од…

Бугарскиот премиер Румен Радев побара од директорот…

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија…

Се повеќе е евидентна тезата која веќе…

Михајлова немала никакви здравствени проблеми, бегството е…

Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска изјави…

МУ БАРАЛЕ 10.000 ЕВРА И МУ СЕ…

Тројца скопјани на возраст од 43, 35…

Случајот Михајлова ја тресе Неврологија: Барбов призна…

Ива Михајлова воопшто не ми кажа дека…