Пад на бројот на работници во индустријата, покажуваат податоците на ДЗС

t

Бројот на работници во индустријата во март 2026 година е намален за 2,8 отсто во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика.

Пад на вработеноста е забележан во секторот рударство и вадење камен, каде бројот на работници е намален за 6,9 проценти, како и во преработувачката индустрија со пад од 2,8 проценти. За разлика од тоа, благ пораст од 0,6 проценти има во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Намалување е регистрирано кај енергијата, капиталните и интермедијарните производи, како и кај нетрајните производи за широка потрошувачка, додека пораст има единствено кај трајните производи за широка потрошувачка, и тоа за 1 процент.

„Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2026 година, во однос на март 2025 година, се намалил во групите Енергија за 2.1 отсто, Капитални производи за 3.6 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.4 отсто и Интермедијарни производи, освен енергија за 2.9 отсто, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1.0 %“.

Во периодот од јануари до март годинава, за разлика од истиот период лани, бројот на работници во индустријата е намален за 3,3 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун,…

Милијардерот и поранешен шеф на Формула 1,…

Албанија и понатаму заостанува далеку зад ЕУ…

Албанија продолжува да заостанува далеку зад Европската…

Сиљановска-Давкова: Градењето држава е долг процес, потребни…

По повод 8 Септември, Денот на независноста…

По повод 8 Септември: Почесна артилериска стрелба…

По повод одбележувањето на 8 Септември –…

Стан во Белград платен 2,6 милиони евра,…

Во првата половина од 2026 година, најскапо…