Објавено на:

Пад на еврото, раст на цената на пченицата, металите, енергенсите: Случувањата во Украина оставаат сериозни економски последици

t

Поради руско-украинскиот конфликт и случувањата во Украина значително се зголемија цените на суровините и енергенсите, а загрозена е и заедничката европска валута.

Најзначајни неодамнешни драматични слуувања на меѓународните пазари:

ЕВРО
Еврото падна под 1,10 долари во петокот за првпат по речиси две години, откако се намали за над 3 отсто во однос на доларот минатата недела – најголем неделен пад од март 2020 година.

Валутата не Еврозоната имаше уште поголеми загуби во однос на швајцарскиот франк – за речиси 4 отсто во текот на неделата во најголемиот таков пад од јануари 2015 година, кога Швајцарија се откажа од тригодишното ограничување на франкот во однос на еврото.

Загриженоста дека слулувањата во Украина ќе и зададат нов удар на економијата, особено поради зголемените цени на енергијата, објаснува зошто валутата е еден од најголемите неделни губитници.

ПЧЕНИЦА/МЕТАЛИ
Цените на пченицата и продукти од неа, како и тие на различни метали се искачија на највисоко ниво во изминатите неколку години бидејќи западните санкции ги прекинаа воздушните и поморските испораки на стоки произведени и извезени од Русија.

Русија и Украина се два од најголемите светски извозници на пченица, чија цена достигна 14-годишен врв во петокот, добивајќи речиси „плус“ 40 отсто од почетокот на руската воена операција на 24 февруари.

Русија е исто така голем снабдувач на метали. Алуминиумот достигна рекордно високо ниво во петокот, додека бакарот, од којшто Русија испорачува 3,5 отсто од светските резерви, исто така е на врв на сите времиња.

ЕНЕРГЕНСИ И ГАС
Цените на суровата нафта „брент“ се зголемија за уште 21 отсто во текот на неделата, затворајќи се на највисоко ниво од 2013 година, при што купувачите и испраќачите се повеќе ги избегнуваат залихите на руска нафта, кои вкупно достигнуваат пет милиони барели дневно.

Ниту можноста еден милион барели на ден иранска сурова нафта да дојде во употреба во случај на оживување на нуклеарниот договор со Западот, ниту договорот на развиените земји за координирано ослободување од 60 милиони барели не направија никакво влијание.

Цените на европскиот гас забележаа неверојатна неделна зголемување од 120 отсто, достигнувајќи 208 евра за мегават час – рекордно високо ниво.

ЕВРОПСКИ БАНКИ
Европските банки имаа уште една исцрпувачка недела, погодена од тројниот удар на западните санкции кон Русија, намалувањето на очекувањата за зголемување на стапката и влошувањето на макроекономското опкружување. Потезите ги поништуваат сите придобивки направени на почетокот на оваа година кога се чинеше дека економското закрепнување ќе им овозможи на централните банки да ги зголемат каматните стапки, во корист на банките.

Индексот на европските банкарски акции падна за околу 16 отсто, што е најлошата недела од март 2020 година, со што загубите од годината до денес достигнаа 20 отсто. Акциите на заемодавците изложени на Русија, како што се австрискиот Рајфајзен и францускиот Сокген паднаа околу една третина во текот на неделата.

РУБЉА
Вредноста на руската рубља падна за повеќе од 30 отсто во офшор трговијата – најлошата недела во историјата – и околу 20 отсто во трговијата во Москва. Разликата меѓу копнената и офшор трговијата илустрира колку Русија стана исклучена од глобалните финансиски пазари по строгите санкции и контрамерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сакал помала казна: Еден од уапсените за…

Еден од осомничените за убиството на Данка…

Србија формираше работна група што ќе го…

Владата на Србија формираше Работна група за…

Помошта за Украина ќе причека: Американскиот Конгрес…

Гласањето во американскиот Конгрес за помош за…

Маричиќ: Овие избори се борба за патот…

Овие избори се борба за патот кон…

Пендаровски од Пробиштип: Велат „никогаш Северна”, ама…

Граѓаните не смеат да им веруваат на…