Пад на македонската индустрија: Прометот во јануари падна за 9,4%

t

Според податоците на Државниот завод за статистика прометот во индустријата, вкупно, е намален за 9.4 % во јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година.

Во јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година, прометот во индустријата, вкупно,  според главните индустриски групи, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.5 %, Капитални производи за 9.5 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.4 % – пишува Бизнис инфо.

Прометот во индустријата, вкупно, во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, бележи опаѓање од 13.9 %.

На домашниот пазар во јануари 2026 година, прометот во индустријата во однос на јануари 2025 година, бележи опаѓање од 6.0 %, додека на странските пазари во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи опаѓање од 10.6 %.

Најголемо влијание врз намалувањето на вкупниот промет во индустријата во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, имаат одделите:

  • Производство на прехранбени производи со 5.6 %
  • Производство на метали со 24.4 %
  • Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 23.3 %

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…