Објавено на:

Пад на рејтингот на Макрон во новите анкети

t

Резултатите од две анкети покажуваат пад на рејтингот на францускиот претседател и премиер, Емануел Макрон и Габриел Атал.

Според анкетата на институтот Ифоп, од политиката на Макрон задоволни се само 28 проценти од Французите, а незадоволни се 72 отсто, додека во февруари нивниот процент изнесувал 29 со 71.

Незадоволство од работата на Атал изразиле 55 отсто, што е зголемување за три проценти во споредба со претходниот месец. Додека 45 проценти од Французите се задоволни од работата на премиерот, додека во февруари задоволни биле 48 отсто.

Слични резултати се забележани и во анкетата на институтот Ипсос.

Според истражувањето на јавното мислење на Ипсос, 67 отсто од Французите имаат неповолно мислење за Макрон, а 29 отсто позитивно.

Пад на популарноста е забележан и кај премиерот. Половина од Французите изјавиле дека неповолно мислење за Атал (45 отсто во февруари), а 38 проценти позитивно (40 отсто во февруари).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ама премирот наш најави бум: Светска банка…

Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија…

Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…

Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…

Родители на починатите во пожарот во Кочани…

Родители на починатите во пожарот во клубот…

(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…

Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…

Државата беше побавна затоа што мора да…

Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…