Пакувајте се: Туристичката сезона во Грција ќе почне многу порано од лани

t

Грчкиот министер за туризам, Василис Кикилијас, денеска најави дека туристичката сезона официјално ќе почне на 1 март, многу порано од лани.

Грчкиот туризам ја претрпе најлошата година во историјата со само седум милиони посетители, кои донесоа приход од четири милијарди евра, откако пандемијата на коронавирусот го запре глобалното патување во 2020 година, пишува „Ројтерс“.

Индустријата, која сочинува една петтина од економијата, почна да закрепнува минатата година кога сезоната, која официјално почна во мај, донесе околу 10,5 милијарди евра приход, многу помалку од рекордот на сите времиња поставен во 2019 година.

-Има голема побарувачка и голема динамика за грчкиот туризам во 2022 година, изјави министерот за туризам, Кикилијас, во интервју за „Ројтерс“.

Порано отворање на сезоната значи дека хотелите што се затвораат во зимските месеци ќе може повторно да се отворат порано.

Кикилијас, кој беше министер за здравство во екот на пандемијата на коронавирусот, не сакаше да зборува за прогнозите за оваа година, само рече дека ќе биде подобра од 2021 година.

Грција напредна над своите цели за приходи за 2021 година, што тој ги опиша како позитивен знак на оптимизам.

Земјата веќе ги олесни мерките за ограничување на патувањето воведени за борба против ширењето на Ковид-19, а на целосно вакцинираните посетители не им треба негативен тест за да влезат во земјата.

-Грција од денеска е отворена за сите. Но, вистинската сезона, летната сезона, за нас почнува на 1 март, рече Кикилијас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…

(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…

Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…

Грција ќе ги штити своите F-35 со…

Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…

Во првите седум месеци од годинава Грција…

За 8,6 отсто се зголемил бројот на…

Пожарникар загина за време на спасувачка акција…

При операцијата за спасување и пренесување на…