Пак ли? Дојава за бомби во училиштата во Кочани – прекината наставата!
Порака со предупредување за поставена бомба во некое од средните и основните училишта, што била испратена по електронска пошта на официјалната адреса на Локалната самоуправа во Кочани, денеска привремено ја прекина наставата.
Од Општина Кочани за МИА информираа дека по добивањето на пораката веднаш биле известени надлежните полициски органи, кои направиле увид на терен.
– Претпладнево на службената меил адреса на Општина беше добиена порака за поставена бомба во образовна институција, без да биде посочено за кое училиште станува збор. Полициски службеници презедоа соодветни истражни мерки, при што учениците безбедно ги напуштија училниците. По направениот увид беше констатирано дека се работи за лажна дојава, односно дека не постои никаква опасност за учениците и вработените во образовните институции, па наставниот процес беше продолжен, истакна Голубинка Георгиева, раководителка на Одделение за јавни дејности во Општина Кочани.
Наставата во втората смена во сите училишта во Кочани попладнево се одвива нормално.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три лица повредени во сообраќајна несреќа на…
На 25.09.2026 во 20:20 часот во ОВР…
Вучиќ откри што му кажал на Путин
Српскиот претседател Александар Вучиќ се подготвува за…
ЕУ предупредува на енергетска криза – земјите…
Европската Унија се соочува со нова енергетска…
12:05 за промени во СДСМ: Филипче е…
Нов обид за политичко мобилизирање на опозицискиот…
Глобалниот недостиг од дизел може да продолжи…
Енергетската криза што во последните недели ги…