Пак молиме за помош: Хеликоптери од Србија, Чешка и ер трактори од Германија ќе ги гаснат пожарите во Македонија
Хеликоптери од Србија и Чешка и ер трактори од Германија ќе се вклучат во гаснењето на пожарите коишто го зафатија источниот дел на Северна Македонија. Центарот за управување со кризи информира дека е обезбедена меѓународна помош за гасење на пожарите со помош на ЕУ механизмот на цивилна заштита. На располагање ќе бидат ставени еден хеликоптер од Србија – Agusta Bell 212, кој веќе пристигна на скопскиот аеродром и хеликоптер од Чешка (Black Hawk) со капацитет на ведро од 3 тона, кој се очекува да пристигне вечерва. Дополнително се очекуваат да пристигнат и два ер трактори од Германија.
Помошта следи по алармантните пожари коишто изминатите денови ја зафатија Источна Македонија, предизвикувајќи пустош по планините. Огнот зафати и над четириесетина куќи во Светиниколско и Дојран, а во Кумановско ја зеде и првата жртва. Хеликоптери и ер трактори од Србија, Чешка и Германија ќе ги гаснат пожарите во Македонија
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вели дека ситуацијата е тешка, но не е алармантна. „Апелирам да не се создава непотребна паника. Донесовме одлука да предложиме на Владата да се ангажира и т.н. НАТО механизам за помош. Во овој момент таква потреба нема, но може да се појави во текот на денот. Во овој момент имаме доволен број на луѓе за спротивставување на огнената стихија“, вели Ангелов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…
Во рамките на апелот на Црвениот крст…
Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Гаши на средба со Алиев: Азербејџан работи…
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…