Пак по наш џеб – ЕВН бара месечно читање на броилата, но така струјата ќе поскапи

t

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ја одби идејата ЕВН да ги чита броилата на струја еднаш месечно, бидејќи тоа би чинело околу 10 милиони евра годишно и би ја зголемило цената на струјата за граѓаните за околу 5%. Наместо тоа, се планира постепено воведување паметни броила во наредните 2-3 години.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, објасни дека набавката на овие броила ќе чини околу 10 милиони евра, но тоа ќе има минимално влијание врз цената – околу 0,1%. Со ова, се очекува 70-80% од корисниците да имаат броила со далечинско отчитување.

На следната сметка, граѓаните ќе добијат инструкции како сами да ги читаат броилата и да пријават ако има некоја разлика во потрошувачката. Исто така, на сметките ќе се означува дали потрошувачката е пресметана врз основа на реално отчитано броило или проценка.

Во врска со неодамнешната одлука на Уставниот суд за полесно исклучување од парно греење, Бислимовски предупреди дека тоа може да доведе до намалување на корисниците на топлинска енергија и поскапа цена на греењето. Многу домаќинства ќе преминат на греење со електрична енергија, што може да предизвика оптоварување на електричната мрежа во делови од Скопје.

Исто така, РКЕ ги повика сите енергетски компании да ги обноват своите лиценци до 30 јуни, во спротивно од 1 јули нема да смеат да работат. Ова се однесува на околу 1.800 носители на лиценци од сите енергетски области.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автосервис во Штип крадел струја: Штетата е…

Во сервис за возила на улица „Железничка“…

Делови од Ѓорче Петров и Петровец денеска…

Корисниците во делови од Ѓорче Петров и…

Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска…

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска…

Без струја делови од Гази Баба и…

Регионалниот центар за управување со кризи на…

Без струја денеска ќе останат дел од…

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска…