Пак претходните ќе бидат криви… Опасност од оштетување на мост на реката Пчиња кај село Бадар, Општина Петровец
Регионалниот Центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје информира дека е добиена пријава за потенцијална опасност кај мостот на реката Пчиња, пред влезот во селото Бадар, Општина Петровец.
Според пријавата, мостот е стар и веќе има видливи оштетувања – некои од столбовите се закосени и искривени. Ситуацијата дополнително се влошува поради напливот на вода во реката и натрупаниот дрвен и друг отпаден материјал околу столбовите. Се очекуваат нови врнежи од дожд, што дополнително го зголемува ризикот од оштетување или целосно попуштање на конструкцијата.
Пријавителите апелираат итно да се исчисти мостот од насобраниот материјал за да се намали притисокот и да се спречи евентуална штета. Од ЦУК информираат дека Општина Петровец е известена и се очекува нејзино понатамошно постапување со соодветни екипи на терен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…