Палевски го запраша одговорниот за „Safe City“ дали е виден на камерите од видео надзорот во Скопје – се гледа дека едното лице има брадичка и седа коса

t

На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеа припадници на интервентната полиција при СВР Скопје, а последниот сведок е одговорен за Safe City, односно системот со надзорни камери во Скопје.

Сведок од Safe City:

М – првично за возилото бевме известени од началникот на СВР Велес, дека има изгорено возило во атар на село Бразда, дојде началникот му дадов да провери снимки од возилото, тогаш уште не беше поврзано возилото Цитроен со Вања.

О – Какви дејствија преземавте по известувањето за запаленото возило?

М – првично на 27ми началникот дојде вечерта, а настанот со девојчето имавме објава уште во 8-9 саат и се вршеше пребарување во Скопје, да не е отидено во некој кафич и слично. После пребарувавме по дојави, некој ќе се јави дека е приметено слично девојче, така пребарувавме, се додека во понатамошната истрага не се поврза возилото Цитроен, исчезнатоот лице од Велес со девојчето. Ние поставуваме по насоки на началникот Дејан, ние само проверувавме информации

О – кои камери ги проверувавте

М – првично, на 27ми вечерта добивме дојава дека возило е приметено, кангото, на некои камери, ние го пребарувавме на нашите камери подоцна, тој ден на качанички пат снема струја камерите не работеа, знаевме каде може да се движи, колегите го приметија и почнавме да го следиме. Цитроенот на 24ти оди од Триангла на местото каде живее девојчето, после тоа го приметуваме возилото кај НЛБ Банка, оди на местото на грабнување на девојчето, оди на Партизанска, оди на Орце Николов, оди кај Машински факултет и се спушта кај Мида. После Александар Палас ни се губи возилото. Реното го наоѓаме истиот ден како оди кон посоченото место.

О – колкав број камери имате поставено на тој терен?

М – Од посочената локација кај грабнувањето до Александар Палас го наоѓаме Цитроенот на три камери

О – што забележавте во возилото Цитроен?

М – камерите се малку постар квалитет и не се гледа убаво внатре, во реното на 27ми во 9.30 или 9.40 после палењето на возилото, го фаќаме карши општина Бутел, на камера кај Веро Чаир се појавуваат две силуети, се гледа дека едниот е со брадичка, личи на првообвинетиот, сега не можам да тврдам, ама личи. На другите камери не може да се примети силуети на лице или такви работи

О – во кој момент сфативте дека двете возила се поврзани со настаните?

М – ние цело време постапуваме по насоки од началниците од МВР, како што доаѓаше информации од терен, целата истрага ја водеше началникот Дејан со неговите колеги, ние дававме асистенција.

О – снимките ги обезбедивте и доставивте до МВР?

М – се што е побарано е доставено кај нив, а да напоменам од местото на настанот возилото оди накај железничка

О – кој ден беше тоа?

М – 27.11 реното од местото на палење оди до седиштето на Десна

О – кој ден реално беше кога сфативте дека има поврзаност меѓу Цитроенот и Кангото?

М – не можам да гарантирам пошто помина многу време, а ние постапувавме по насоки на единицата за насилен криминал

О – може ли да ни ја појасните постапката за добивање видео-надзор од Безбеден пат?

м- по барање на обвинтел, судија, истражна постапка и во итни случаи во случаи како убиство, грабнување, сообраќајна несреќа и слично

О – како постапувате во итни случаи?

М – доаѓаат колегите и веднаш пребаруваме

О – дали може вработен во Безбеден град да достави снимка на друг освен на службено лице?

М – сите вработени се запознаени дека се што се работи таму е тајно и знае дека тоа е казниво, верувам, јас барем таков случај не знам

О – доколку има итни барања дали тие се евидентираат некаде?

М – тоа се случува само кога има убиство, грабнување, сообраќајни незгоди со смртен случај и сообраќајни незгоди со странско возило, се пишува службена белешка дека поради тоа и тоа е даен материјал, а колегите после тоа мораат да обезбедат барање од Обвинител

О – дали тоа значи дека само на полициски службеници се даваат материјали?

М – досега праксата е таква

О – кое врме го забележувате Цитроенот на 24ти?

М – околу 6 часот, го наоѓаме кај Триангла и оди во правец на местото на грабнување, 6 сабајле

ВКРСТЕНИ ТУФЕГЏИЌ

Т – рековте дека сте биле во функција на асистенција на МВР?

М – да

Т – рековте дека насоки за постапување сте примале од началникот Дејан Димовски, можеме ти да заклучиме дека за возилата сте добиле од началникот Димовски на 27.11.2023 година?

М – напомнав дека првично пребарувавме на 27ми, не можам да се сетам кога ги врзаа возилата од насилен, мислам дека беше кога ни доставија видео снимка кога рено проаѓа од местото каде е запалено возилото, почнавме пребарување прво за Кангото, после и за Цитроенот

Т – дали во таа смисла постапувавте по насоки на началникот Дејан Димовски?

М – не можам да кажам точно Димовски, тука беше и началникот на СВР Скопје и Музафер

Т – сте пребарувале по насоки и на 24.11?

М – да

Т – можеме ли да заклучиме дека не сте добиле насоки за пребарување на лица, предмети, возила пред 24.11,2023 година?

М – кога колегите од насилен го врзаа Цитроенот на настанот, тој се појави само двапати, 24ти, 25ти и 27ми на денот на настанот

Т – дали сте пребарувале движење на возило пред 24ти?

М – не, се немаше појавено пред 24ти

Т – спомнавте оперативно делување со Сејф Сити, во таа смисла можеме ли да заклучиме дека сте биле запознати со видео надзорот, пребарувањата и снимките?

М – јас сум началник на единица за оперативно-технички работи во Безбеден град, кога дојдоа началниците од СВР Скопје ми даваа мене насоки, јас им давав насоки на колегите

Т – можеме ли да заклучиме дека предмет на оперативна обработка биле возилата Рено и Цитроен од 27.11 понатаму, од денот на исчезнување на девојчето почнавте да пребарувате

М – да, тогаш почнавме со пребарување, пребарувавме секаде каде имаше некакви сомневања, по насоки на инспекторите. Сабајлето, првично не беа возилата предметна пребарување

Т – да ни појасните кога возилата стануваат предмет на пребарување?

М – не се сеќавам точно, ама 27ми вечерта, од сабајлето пребарувавме сосема други нешта, освен реното околу 12 часот, ама не беше врзано со Цитроенот уште

Т – ова се случува истиот ден, врзувањето е на 27ми?

М – не можам да кажам точно

ВКРСТЕНО СТРАШЕВСКИ

С – работите на Безбеден град од 2015 година, ќе се согласите ли со мене дека одредено лице додека вози возило, или е во него, невозможно е да нема негова ДНК во тоа возило?

Обвинителство – приговарам, сведокот не е компетентен

М – немам искуство во таа проблематика

С – на 27.11 го имавте обезбедено возилото Рено Канго?

М – 27.11 по добиена информација од колегите од насилен криминал дека на подрачјето каде е запален Цитроенот, поминало Рено, почнавме со пребарување, бидејќи камерите на Јадранска магистрала не ни работеа, пребарувавме само на Бутелска, потоа го лоциравме возилото Рено. Таму има четири камери, таму е лоцирано.

С – прашањето беше дали физички го обезбедиле откако го нашле пред партијата?

М – на 27.11 е лоцирано возилото, го следевме на камери до Бит пазар, после тоа дојдоа колегите од насилен, се префрламе на Цитроенот, во меѓувреме го лоциравме Реното во седиштето на Десна, наредниот ден проаѓа кај МАНУ и оди накај Железничка

С – ќе се согласите ли со мене дека откако сте го забележале кај Десна возилото немало друго движење истиот ден?

М – тоа не можам да тврдам, не знам

ВКРСТЕНО ПАЛЕВСКИ

П – спомнавте дека на 27ми ви било сомнително возилото Рено, дали се сеќавате точно во колку часот ги поврзавте Реното и Цитроенот?

М – точно време не можам да тврдам, чинам дека беше вечерта 27ми према 28ми, пројде многу време од настанот

П – дали при тоа поврзување утврдивте сопственост на Рено?

М – таа проблематика ја работат колегите

П – дали се камерите согласно Закон поставени и дали Законот уредува снимање на возила, се регулира ли законски и утврдување на идентитет на лице или исклучиво на возила?

М – кога даваме асистенции на нашите служби, има одредени камери каде може да се примети лице, одредени камери само возило, кај што може да се примти лице посочуваме

П – дали на ниво на оперативно сознание ги користите тие податоци?

М – кажав, ги даваме на службите, не за идентит на лице, за нивна истражна постапка

П – дали согласно Закон, користите законски поставени камери, дали тој закон регулирал идентитет на лице?

Судија – не се дозволува прашањето, веќе е одговорено

П – дали кај Веро Чаир сте виделе силуета, или сте препознале, дали се гледа цела силуета или дел од глава?

М – на камерата кај Веро Чаир може малку од малку да се препознаат лица, на едната, кога проаѓа Реното се гледаат две лица, од кои едното има брадичка

П – дали учествувавте во изготвување на фото албумот?

М – не, ние доставуваме снимки

П – дали вие вршите зумирање и чистење на фотографии од вашите камери?

М – ако побара Обвинителство, помагаме се што ќе побараат

П – дали спомнатиот момент кој го кажавте, две лица, силуети, брадичка, дали ја зумиравте и бистревте таа фотографија?

М – не ја зумиравме, кога зумираш се губи квалитет, се гледа дека едното лице има брадичка и седа коса, другото лице носеше некој џемпер

П – дали ова што го кажувате е составен дел од вашиот исказ во ОЈО?

М- мислам дека овој момент, не сум сигурен што сум кажал, не можам да потврдам пројде една година

П – ова со силуетата не е содржина на вашиот исказ во ОЈО, прашањето е зошто после една година се сетивте дека таа силуета личи на првообвинетиот?

М – посочената снимка се наоѓа во ОЈО, дали ме праша обвинителката дали се гледа лице, да ме прашала ќе сум кажал

П – и денеска не ве праша никој, дали сето што го кажавте со силуетата го ставивте во службена белешка?

М – никој не бара од мене да ставам во службена белешка

П – дали за таа камера при одземање на материјалот и давање во насилен криминал е составена службена белешка?

М – материјалот го дадовме со акт од ОЈО

П – што потпишавте вие како началник кога го издадовте материјалот?

М- ние правиме наш акт во кој посочуваме дека на единицата се предадени 2-3 цедиња, за тој настан, тоа е пракса во нашата единица

П – како се нарекува тој акт?

М – тоа е пропратен акт

П – кажавте дека сте ги поврзале возилата на камери на места кадешто е запален Цитроенот?

М – не ние, единицата на насилен криминал

П – вие сте ги гледале камерите, дали се тоа камери на пречистителна станица Бразда?

М – не знам од каде ни доставија колегите од насилен

П – дали е тоа камера во непосредна близина на палењето?

М – не знам, тоа знаат колегите од насилен

П – на кој датум ви ја дадоа таа снимка?

М – чинам на 27ми после пладне

П – вашите колеги соствиле службена белешк на 04.12 со земање на материјал од пречистителна станица, прашањето е како може на 28ми да ја гледате таа камера кога официјално е земена на 04ти?

М – не е до мене прашањето

П – кој ви ја достави?

М – не се сеќавам

П – дали на 01.12 во 16.23 часот сте сумирале во Ексел 11 камери, 11 снимки од камеир на Рено и сте ги предале на колегите од насилен криминал?

М – поединечно не можам да кажам, знам дека дојде барање од ОЈО да ги предадеме сите снимки и ги дадовме збирно

П – Кој ден ги предадовте материјалите по барање на обвинителство?

М – пројде многу време, а точно не знам

П – може да дефинирате што значи тоа брадичка, седа коса, личи?

М – лицето, силуетата кај Веро Чаир се гледа дека лицето има бела брадичка и седа коса додека до него седи лице, чинам дека беше облечено во џемпер, на тоа лице послабо му се гледаше лицето, поубаво се гледаше совозачот, него возачот.

П – дали силуетата гледате цела глава или дел од глава?

М – се гледа профил, пола глава

П – истите камери и фотографии ги гледам и јас, прашањето е дали тоа што го гледате, го нарекувате силуета е целосна глава или дел од глава

Обвинителство- приговарам, ова е тормозење на сведокот

Судија – не се дозволува прашањето бидејќи истото е веќе одговорено

П – дали го следевте возилото СК 403 УИ за 22ри или пред 22ри, Рено?

М – Возилото го следевме само во посочениот период, за 22ри не сме пребарувале, може сме пребарувале не ми текнува, знам дека Цитроенот го нјдовме на 24ти

ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРАШАЊА ОБВИНИТЕЛСТВО

О- на 27.11 зошто единицата за Безбеден град го гледа движеето на Цитроенот?

М – по барање на СВР Велес, возилото било сопственост на лице исчезнато од Велес

О- дали со тоа возило се случува нешто на територија на Град Скопје на 27.11?

М – возилото е запалено во Бразда и по барање на началникот е доставен материјал за исчезнато лице во Велес

О – дали е тоа причината а го гледате движењето на Цитроенот и пред 27ми?

М – да

О – сте добиле дојава за исчезнување на девојче, во првиот момент што пребарувате на камерите на Сејф Сити, барате девојче или возило?

М- баравме девојче

О – дали овој предмет, по својата серионост, се категоризира како сериозен предмет којшто бара постапување од итен карактер?

М – да, во случајот се работи за исчезнато младо девојче и веднаш постапивме по пребарување

СУД

С – спомнавте дека некое возило било запалено, Цитроен, на кои датуми го следевте возилото и го најдовте како се движи во Скопје?

М – началникот ми се јави на 27ми вечерта, бараше дали тоа возило се движи во Скопје и каде се движи, нашле возило предмет на наша истрага, запалено во Скопје, дали може да обезбедите снимки, го лоциравме на 24ти, 25ти и на 27ми кај Александар Палас

С – ова пребарување го правевте на 27.11?

М – да, 27.11.2023 година, вечерта околу 19-20 часот

С – дали во тој момент имаше некаква индиција или поврзаност со грабнувањето на девојчето?

М -не

С – што видовте на 24ти за Цитроенот?

М – возилото доаѓа од Триангла Маџари продолжува кон Благоја Стефковски, се спушта на Булевар Александар Македонски, се упатува кон Центар

С- дали на 24ти го лоцирате на друго место?

М – барањето беше каде проаѓа, не вршевме пребарување

С – на 25ти каде се движи?

М – исто кај Триангла и трето појавување беше на 27ми кај Александар Палас околу 6.50 – 7.00 часот

С – а на 25ти кое време?

М – вечерно време

С – кога точно ги поврзавте Рено со Цитроен?

М – колегите го поврзаа настанот, ние почнавме со пребарување на возилото каде оди и каде се движи, не може да ми текне кога точно ги поврзаа. На 27ми Цитроенот во утринските часови доаѓа околу 6.30 кај НЛБ Банка во Чаир и со следење го носиме пред зградата кај што е грабнато девојчето, позади него две минути се движи возилото Рено, заедно одат на местото на настанот.

С – во кое возило се гледаше силуета, лице со брадичка спомнавте?

М – во Реното се појавува лице, силуета, профил има седа коса и брадичка

С – спомнавте првообдинетиот?

М – повеќе личи на првообвинетиот, не можам да тврдам

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ бара референдум за рудникот за антимон…

Мицкоски ја распродава Македонија. Земјата, водата, рудата,…

Нафтата останува над 100 долари – енергетската…

И покрај падот во последните трговски сесии,…

ВМРО-ДПМНЕ: И талогот пресушува, соопштенијата на СДС…

Талогот полека пресушува, па влегува во сопствени…

Италија испраќа воени бродови во Баб ел-Мандеб…

Италија се подготвува да распореди воени бродови…

„Џемини“ на Гугл хакирал три компании за…

Моделот на вештачка интелигенција „Џемини“ на компонијата…