Палевски до сестрата на Александар Ѓорчевски: Познато ви е дека и вашиот брат е сликан и се праќани слики, дека Гоце Трајковски го има сликано вашиот брат и има праќано слики во полиција?

t

Со испитување на сведоци на предлог на Јавното обвинителство во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Пред малку пред судот сведочеше сестрата на таткото на Вања, Оли Нешковиќ.

Оли Нешковиќ – сестра на Александар Ѓорчевски

Оли – прво се јави мајка ми, па на брат ми му се јавив, па на Зорица, тие веќе беа со полиција ја бараа, јас живеам во Влае, веднаш дојдов со Зорица контактиравме, па отидов кај мајка ми, а од 28ми бев по цел ден во станот

О – што ви рече Александар, каде барал на 27.11?

Оли – Зорица ми го кажа тоа

О – Александар што ви кажа?

Оли – братучед наш работи ов ГОБ 8 Септември, бил да праша дали таму има нешто, сите бевме во паника, не ни беше јасно што се случува, сите знаевме дека Вања самоволно не си отишла

О – кога веќе сте во станот, што мислевте што се случило со Вања?

Оли – Дека не си отишла самоволно, сакавме да веруваме дека си отишла, затоа што полицијата цело време го наметнуваше тоа, исто имав забелешка дека внука ми 13 години е посебно одвоена во просторија од полицијата, детето ми пиша дека е извадена од памет. Јас посочив дека Вања не си отишла самоволно, Владимир се викаше инспекторот, му посочив дека Вања немало причина самоволно да отиде, не знам дали сум употребила киднапирана збор ама знаев дека не си отишла самоволно

О – Вашиот син Иво Нешковиќ го известивте и што презема?

Оли- Да, јас немам Фејсбук, Зорица објави таму, деверот има во договор со син ми контактирано детективска агенција од Босна која се занимава со такви работи, од таму им посочиле дека немале ингеренции за тоа тука. Најде син ми формулар од америчка амбасада, за сателитски снимки, Илон Маск да се контактира, да имав број на Бајден и на Бајден ќе се јавевме, братучедка контактираше со америчка и британска амбасада, јас имам пријател во МНР, стрина и на Зорица била кај јасновидец дури во Србија, значи сите ја баравме

О – го познавате Гоце Трајковски?

Оли – да, старо кумство

О – познато ви е кој го извести Гоце Трајковски да дојде?

Оли – Имам сознанија дека Гоце го известила мајка му Кираца, контактирала со Зорица, тоа го дознав од Кираца дека Зорица ја контактирала, она помислила дека Гоце може да помогне со своите познанства низ градот

О – што помагаше Гоце?

Оли – се бараа снимки на камери, сите бараа и мојот сопруг, родините на Зорица, уште првиот ден и полицијата и ние сфативме дека нема камера што ја фаќа Вања и затоа почнаа да се гледаат возила

О – Дојдоа ли Гоце и другите до некоја констатација?

Оли – Да, дојдовме сите, затоа што тие снимките ги гледаа на компјутерот на Зорица во нејзината спална соба и ако имаше нешто сомнително сите влегувавме за консултација

О – кој го прибавуваше тој материјал?

Оли – па сите, мислам дека и Гоце ама сите, после два дена изгубивме целосна доверба во институциите, во полицијата

О – Што знаевте вие за станот на Наум Наумовски Борче, кој е сопственик?

Оли – знаев, јас ви го доставив тој договор дека брат ми е сопственик

О – кога стана сопственик Александар на тој стан?

Оли – пред разводот

О – од што се издржуваше Александар?

Оли – мајка ми има пензија, татко ми има висока пензија, ние цело семејство сме многу сплотени

О – Александар побарал од Вас пари?

Оли – не, ако побарал ќе сум му дала

О – колку често помагавте со финансиски средства?

оли – јас отсекогаш сум ѝ помагала на мајка ми ама не со финнасии туку ќе купам нешто, лекови, прегледи и слично

О – Александар имаше ли проблеми со зависности?

Оли – да, многу одамна пред да се ожени и да стане родител, тоа го знаеше и Зорица и нејзините родители, тоа го знаат и моите деца и си го реши тоа после немаше никакви проблеми

О – Вие се познавате ли со Љупчо Палевски?

Оли – не, со никого од обвинетите

О – неговото име било ли споменувано некогаш?

Оли – Не, јас за Палевски знам само за стан на една атрактивна локација, јас ликот не му го знаев на господинот додека не се случи ова, првпат во полициска станица слушнав кога ме прашаа дали го познавам

ВКРСТЕНО ПАЛЕВСКИ

П – спомнавте дека сте биле во станица, дали се сеќавате на ден и час?

Оли – на четврти, на трети дознав за веста од Зорица

П – спомнуваа Љупчо Палевски?

Оли – ме прашаа дали ве познавам и дали снаами е во врска со Вас

П – Дали ве убедуваше Гоце Трајковски да одите во полиција, на Музафер да му дадете изјава дека вашата снаа влегла во Тинекс,а јас таму сум имал некоја просторија?

Оли – Не, Гоце Трајковски имаше една чудна епизода. Една вечер ме викна да се симнам доле пред зграда, јас инспекторот не го знам, дека Музафер му рекол да го слика станот на Партизански одреди, кажав дека не можам

П – познато ви е дека и Вашиот брат е сликан и се праќани слики, дека Гоце Трајковски го има сликано вашиот брат и има праќано слики во полиција?

Оли – не, првпат го слушам

П – Дали сте слушнале, вашата мајка да ви спомнала нешто за мене или име на партија Десна

Оли – не, јас не ни знаев за вашата партија

СУД

С – како го познавате Гоце?

Оли – кумови сме моето семејство, на неговото семејство и мајка му инсистираше да се продолжи кумството, брат ми му е кум на Гоце од првиот брак

С – кој му се јави?

Оли – не знам кој му се јави, Кираца ми кажа подоцна дека контактирала со Зорица, преку Кираца

С – дали Гоце ги гледаше видео-записите од камерите?

Оли – да, да и тој носеше

С – кога го забележавте Циторенот?

Оли – два-три дена пред да ја слушнеме веста за Вања

С – Ве викнаа, Ви кажаа вас нешто, Гоце успеа да види сомнително возило?

Оли – Гоце ги поврза работите

С – како ги поврза работите?

Оли – не знам, Гоце влегува во станот и ни кажа дека има сомнително возило, рече има исчезнато лице објавено, претпоставувам ги поврза преку регистарската табличка

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…

Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…

На денешен ден, 17 јуни, пред точно…

СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…

Две години жителите во зграда на булевар…

Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…

Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…

Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…

Горивата се берзански производ на кој не…