Палевски: Кешишев ги прислушкувал сите мои разговори, тврди дека сакал да ја компромитира и неговата мајка
Љупчо Палевски, првообвинет во случајот, ја негира автентичноста на снимката направена во домот на Велибор Манев, за која обвинителството смета дека е снимена непосредно пред киднапирањето на Жежовски. Тој тврди дека видеото е лажно, монтирано и составено од повеќе различни записи кои, според него, не докажуваат ништо.
-На нив нема WD 40, нема цирада, нема телефон Хонор. Обвинителството сака оваа снимка да стане доказ само врз основа на исказ на двајца обвинети, изјави Палевски пред судот.
Палчо тврди дека во критичната вечер тој полнел гориво на бениската пумпа на „Макпетрол” кај Ист Гејт и оти платил со неговата кредитна картичка.
Во однос на еден од обвинетите, Кешишев, Палевски тврди дека е изненаден од фактот дека ги прислушкувал сите негови разговори.
-Кешишев живееше во кујната и таму работеше. Имавме и оперативна канцеларија за состаноци. Таму ја пишував кривична за Зоран Зоран и Оливер Спасовски за продажба на Чебрен и Галишта пишувана на 22.11 2023 токму во таа канцеларија. Живеел на гориниот спрат каде имав сцена за поткасти. Кешишев ги прислушкувал сите мои разговори што ме изненади. Мојот разговор со брат ми дека сакам нешто да градам во месноста “Дупки”. Брат ми инсистираше да градам мала викендица на плац кој е негова сопственост за да си бидеме близу, објасни Палевски.
Тој праша како е можно неговата мајка да вртела на бројот на Вања и од каде таа би го знаела бројот на девојчето.
-Целта не беше да се компромитирам јас туку и мојата мајка и да се посочи како соучесник, вели Палевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…