Палевски: Ниту мојот брат ниту мојата мајка имале или го знаеле телефонски број на Вања

t

Во скопскиот Кривичен суд продолжува судењето за убиството на малата Вања Ѓорчевска и пензионерот од Велес, Панче Жежовски. За првпат ќе се изведуваат материјалните докази. Обвинителството тврди дека убиствата на Вања и Панче се мотивирани од користољубие, обвинетите пак, се изјаснија дека не се виновни. На изминатите рочишта сведочеа најблиските од семејството на Вања и на Панче, и полициски службеници, вклучени во истрагата.

Тодорче Георгиевски

ОБВИНИТЕЛСТВО

О – Кажете ми каде работите?

Т – Во единицата за економски и компјутерски криминал

О – Дали присуствувавте при вршењето на претресот во домот на Блаже Палевски?

Т – Да

О- која беше причината што бевте повикани на претресот?

Т – по претходна наредба на началникот се упатив да дадам асистенција на колегите

О – во кој дел асистенција?

Т- во делот на одземањето на предметите околу техниката

О -Само вие бевте стручно лице во ондос на техниката?

Т – Заедно бевме присутни со колегите од ЕВР

О – Кој дел од обврските ги имавте при претресот?

Т – одземање на предметите, читање на сериски броеви и слично

О – При вршењето на претресот, дали од страна на службено лице е извршено вртење, бирање на телефонот на оштетената Вања?

Т – Од моја страна не беше забележано такво нешто

О – Дали други лица забележале такво нешто?

Т – Не

О – Дали према други лица имаше вртење?

Т -Освен од Блаже Палевски кон адвокатот, од други не беше забележано.

ВКРСТЕНО ПАЛЕВСКИ

П- Рековте дека не сте забележале дека некој од семејството вртел на телефон, дали во Обвинителството ве информираа за оваа околност, дека е вртено од еден од одземените телефони на Вања Ѓорчевска?

Т – Не

Марјан Витанов: Дали по ваше доаѓање во просториите ги одзедовте телефоните на лицата присутни во домот?

Т – Колегите го вршат претресот, јас бев само како алатка за да може да се вчитаат сериските броеви, моделите и слично

М – Значи ли тоа дека тие телефони биле кај Вас?

Т – Не беа кај нас

М – Како сте можеле да давате податоци без да ги имате телефоните кај Вас?

Т – Визуелно, телефоните беа на масата

М – Значи ли тоа дека тие телефони од почеток на претресот до завршување на претресот биле на масата, а не кај сопствениците?

Т – да

М – Имало ли можност во таква состојба некој од лицата присутни во просториите да ги користи телефоните за да оствари контакт со други лица?

Т – Не, мислам дека не

М – Дали Ви е познато додека е вршен претресот дека од телефонот на братот на Палевски преку тој број е баран бројот на Вања?

Т – Не ми е познато

М- Можно ли е додека телефоните биле кај Вас од еден од телефоните да биде остварен повик кон оштетената?

Т – Не

ОЈО ДОПОЛНИТЕЛНИ

О – На кои уреди Вие вршевте попис, уреди кои Ви беа обезбедени претходно од екипата која вршеше претрес?

Т – Колегите си ја пишуваа потврдата за привремено одземени предмети

О – Кој ви ги обезбеди уредите за да ги видите моделите?

Т – Мојот дел беше само асистенција

Палевски: Би сакал да истакнам приговор на двете сведочења, оштетеното дете Вања Ѓорчевска во моментот на претресот е пет дена убиено, ниту мојот брат ниту мојата мајка имале или знаеле телефонски број од оштетеното дете. Невозможно е да вртеле во моменти кога им се одземени телефони, а истото е забележано во таа телефонска анализа во која недостасува ниту еден прилог каде може егзактно да се утврди. Просечно интелигентен човек знае дека нормално е да се заѕвони од страна на полицијата на телефонот на дете да не случајно заѕвони телефонот на тоа дете во околината, сето тоа е искористено од ОЈО кое не најде време да го повика брат ми овде да го прашаме на која околност и зошто е вртено од телефонот.

Палевски:

Би сакал да истакнам приговор на двете сведочења, оштетеното дете Вања Ѓорчевска во моментот на претресот е пет дена убиено, ниту мојот брат ниту мојата мајка имале или знаеле телефонски број од оштетеното дете. Невозможно е да вртеле во моменти кога им се одземени телефони, а истото е забележано во таа телефонска анализа во која недостасува ниту еден прилог каде може егзактно да се утврди. Просечно интелигентен човек знае дека нормално е да се заѕвони од страна на полицијата на телефонот на дете да не случајно заѕвони телефонот на тоа дете во околината, сето тоа е искористено од ОЈО кое не најде време да го повика брат ми овде да го прашаме на која околност и зошто е вртено од телефонот.

Во врска со променетиот исказ на Кешишов, судот не му дозволи на Палевски да се изјасни во врска со ова, судот посочи дека обвинетиот ќе има можност во соодветната фаза од постапката да ги испраша останатите обвинети и да изведе докази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…

Горивата се берзански производ на кој не…

Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…

Откако израелската армија нападна ирански цели во…

Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…

Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…

(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…

Во најавената епизода на „На кавга со…

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…