ПАЛЕЛЕ ПЕТАРДИ, ЗАПАЛИЛЕ ШУМА, БАНДЕРИ И ПЧЕЛИ: Обвинителство побара подготвителна постапка кон едно од трите деца што го запалија Расадник

t

Јавен обвинител од ОЈО Скопје до судијата за деца во Основниот кривичен суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во судир со законот, кое презело дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело предизвикување општа опасност, по член 288 став 1 од Кривичниот законик, соопшти денеска Основното јавно обвинителство.

„На 3 септември во попладневните часови, детето на возраст од 14 години, заедно со уште две деца во ризик кои не наполниле 14 години и од тие причини не се кривично одговорни, палеле петарди и жижици на земјена патека во месноста Расадник, Кисела Вода. Како последица на тоа бил инициран пожар кој брзо се проширил на околната сува трева поради ветерот и зафатил површина од околу три хектари – дрвја, сандаци со пчели и неколку бандери за пренос на електрична енергија. Со пожарот била предизвикана значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери“, соопшти Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Северна Кореја претстави сопствен ChatGPT, но политичките…

Северна Кореја претстави сопствен четбот со вештачка…

Санчез ја заврши кампањата со апел: Да…

Шпанскиот премиер во заминување, социјалистот Педро Санчез,…

Унгарците усвоија закон со кој политичарите се…

Унгарскиот парламент усвои закон со цел оддалечување…

(Видео) Не чекаме да нѐ „изненади”, делуваме…

Не чекаме да нѐ „изненади”, делуваме пред…

Зеленски со указ забранува медиумите да известуваат…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша указ со…