Палестински здравствени власти: Над 6.500 загинати во израелските воздушни напади

t

Бројот на Палестинци убиени во израелските воздушни напади во Појасот Газа се искачи на 6.547, соопштија здравствените власти во Газа, кои се под контрола на Хамас.

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) утрово дополнително извести дека 68 отсто од жртвите се деца и жени, цитирајќи податоци од агенцијата контролирана од Хамас.

Околу 1.600 луѓе во Газа се сметаат за исчезнати.

ДПА нагласува дека бројките не можат да се потврдат независно.

Израелската армија соопшти дека подготвува копнена офанзива во Газа.

Терористите кои дејствуваат во име на Хамас, кој го контролира Појасот Газа, масакрираа цивили во Израел на 7 октомври. Повеќе од 1.400 луѓе беа убиени кога вооружени милитанти на Хамас организираа прекугранични напади.

Според израелската армија, најмалку 222 други лица биле насилно однесени во Појасот Газа.

Досега се ослободени четворица заложници. Хамас вели дека нема да ослободи повеќе заложници додека Израел не дозволи испорака на гориво и лекови во Појасот Газа. (МИА)

Фото: ЕПА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вајдел: Ако АфД дојде на власт,…

Копретседателката на Алтернатива за Германија (AfD), Алис…

Норвешка се откажува од улогата на зелена…

Норвешка ќе продолжи да експлоатира нафта и…

Почнува судењето за „Државна лотарија“: Груби и…

По повеќемесечната истрага, случајот „Државна лотарија“ денеска…

Драма во Скопје: Жена дошла и ја…

На 23.08.2026 година во 00:40 часот, во…

Цената на златото повторно расте, среброто во…

Цената на златото на светските пазари повторно…