Објавено на:

Паметна игра: Ова е условот на Унгарија за деблокада на помошта за Украина

t

Унгарија ќе продолжи да ја блокира исплатата на новата транша од воената помош на ЕУ за Украина сè додека Киев не ја отстрани унгарската ОТП банка од листата на меѓународни спонзори на руската инвазија, изјави во Виена унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

По средбата со шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг, Сијарто неодамнешното вклучување на ОТП банка на украинската листа го нарече „скандалозно и неприфатливо“ и додаде дека Унгарија нема да одобри исплата на 500 милиони евра од Европскиот механизам за поддршка на мирот (ЕПСМ) додека банката е на црната листа.

– Не можеме да поддржиме издвојување уште половина милијарда евра од Европскиот фонд за мир за трансфер на оружје во Украина и нема да дадеме зелено светло за тоа сè додека ОТП банка е на листата, посочи Сијарто.

Украинската државна агенција за спречување на корупција овој месец ја означи ОТП банка како меѓународен спонзор на руската војна против Украина поради нејзиното постојано присуство во Русија, што предизвика остра реакција од унгарските власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Калас: Украинските напади врз руските рафинерии се…

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…