Паметниот споменик на Прличев вандализирани за нецели 48 часа

t

Нецели 48 часа од поставувањето на паметниот споменик на Прличев на плоштадот на уметноста „Долна Порта“, истиот е вандализиран и онеспособен да функционира од страна на непознати лица, информира на фејсбук профилот Проф. д-р Анис Сефиданис.

Вечерва на 11-ти август, после нецели 48 часа од промоцијата, паметниот споменик на виртуелен Прличев кој години го работев со мојот тим и поддршка на Општина Охрид беше вандализиран и онеспособен од функција. Непознати лица го пресекле доводот до електрична енергија, го отстраниле македонското знаме и ги искорнале написите. Се обиделе да ги отворат и металните врати за да стигнат до главниот компјутер, но поради цврстиот материјал и безбедносните брави успеале само искривувања да нанесат на истите, вели во објавата Сефиданис.

Додава дека случајот бил веднаш пријавен во МВР Охрид, при што екипа направила увид и ќе ја проследи постапката до Јавното Обвинителство.

Споменикот е времено надвор од функција, но активно работиме заедно со Општина Охрид на негово рестартирање како и со безбедносните служби за негова заштита од социопатите со кои за жал нашите деца го делат плоштадот, додава Сефиданис.

Инаку, дигиталниот паметен споменик ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за граѓаните и посетителите на Охрид.

Воскреснувањето на Григор Прличев преку користење на најновите технологии овозможува да ги спознаеме културата и технологијата, минатото и иднината, во непосредна интеракција со дигиталната свест на Вториот Хомер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kим и нареди на војската да се…

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун нареди на…

„ЌЕ ГО БАРАТЕ ХИТЛЕР“ – Ердоган остро…

Начинот на кој војува Израел ќе нé…

19-годишна возачка прегази жена

Ноќва во 00.50 часот во Полициската станица…

Лавров го обвини Западот дека ја стави…

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј…

Јавно обвинителство: Пет лица под истрага за…

Пет лица се под истрага и се…