Пандев: Многу сум среќен за Елмас и за Наполи, догодина им посакувам да ја освојат ЛШ
Македонската легенда Горан Пандев, екс-фудбалер на Наполи посочи дека се радува на првото скудето по 33 години на својот бивш клуб, а особено е среќен што значаен придонес во шампионската титула која е на дофат има македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас, кој сезонава има 42 настапи од можни 43 и шест гола со три асистенции.
Наполи веќе утре може да биде официјално првак ако Лацио не го победи Сасуоло или пак во четврток со триумф кај Удинезе каде игра Илија Несторовски да стави печат на извонредната сезона во која наполитанците импресионираа и со начинот на игра, головите…
„Многу сум среќен за Елмас, но исто така многу сум среќен за цел Наполи од претседателот до стручниот штаб, а посебно за луѓето во Неапол. Јас минав три прекрасни години во Наполи, освоивме Куп на Италија, а ми изгледаше како да сме станале шампиони. И сега може сите да уживаат. Честитки буквално до сите од претседателот со Лучано Спалети и неговиот тим. Спалети е извонреден тренер и сѐ ова го заслужи, зашто го направи тимот да игра прекрасен фудбал. Среќен сум за Елмас и на сите во Наполи им посакувам догодина да бидат европски прваци“, рече Пандев.
Македонската калчо-легенда кој остави силен белег на Чизмата со безмалку 500 настапи и над 100 гола играјќи за Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Џенова во италијанската елита, посочи дека жали што Наполи сезонава не дојде најдалеку во ЛШ, додавајќи дека тимот е извонреден.
„Можеби во четвртфиналето со Милан сите го гледаа Наполи како фаворит, па над фудбалерите се наметна притисок дека мора да победат по секоја цена. Но, тоа се мечеви поинакви од тие што ги гледавме, а Наполи одигра добро и заслужи повеќе на првиот меч. Жал ми е, мислев дека Наполи може да дојде до финале. Лоботка е изненадување, зашто во првата сезона имаше проблеми, а сега има сезона за паметење и не се сеќавам дека пропуштил меч. Кварацхелија веќе го знаев, играв со Македонија неколкупати против него и е многу силен фудбалер“, додаде Пандев.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…