Пандев: Сите чекаа промена по поразот, ама ФФМ реши да ја уништи најдобрата фудбалска генерација

t

По поразот од 7-0 од Англија, Милевски требаше да поднесе оставка, смета Горан Пандев, кој во разговор за италијанскиот медиум „Кориере дело Спорт“ пред мечот Македонија – Италија уште еднаш јасно го изрази своето мислење за актуелниот селектор, но уште повеќе за раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Федерацијата застана во негова одбрана, но не сме мирни, репрезентацијата минува низ еден комплициран момент. Не знам како ќе играме против Италија. Очекував дека Милевски ќе се повлече, но не се случи тоа. Стефан Ристовски, капитенот, реши да не одговара позитивно на повиците на репрезентацијата додека тој е селектор. Ристовски разговараше со Милевски ова лето, на крајот соопшти дека нема да игра додека тој е селектор, открива Пандев.

Македонската фудбалска легенда повтори дека ова раководство на ФФМ и Милевски ја уништиле „златната генерација и сега ќе треба трипати повеќе да се бориме за да го достигнеме нивото на кое веќе бевме“.

Сите очекуваа промена, навивачите исто така ја бараа. Проблемот е многу подлабок и ги погодува и оние над тренерот, тука мислам на луѓето од Федерацијата. Јас немам амбиција да станам претседател на ФФМ, не ме интересира тоа. Но има многу проблеми, не ги градиме темелите, не инвестираме во младинскиот сектор во нашата земја во која се уште е тешко за децата да тренираат. Тие ја уништија најдобрата фудбалска генерација создадена во последните 30 години. Имаа други интереси. Се собраа и го потврдија Милевски наспроти советите на сите. Сега за да се вратиме на нивото на кое ги постигнавме тие резултати, ќе треба да се бориме трипати повеќе, рече Пандев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Стотици туристи во опасност, започната е…

Две лица загинаа во пожар што избувна…

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани…

Центарот за управување со кризи попладнево информира…

(Видео) МВР објави видео од марихуаната која…

ОД МВР информираат дека со повеќемесечна истрага…

Ердоган пред 100 илјади луѓе: Ако Бог…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја претстави…

Филипче од јахтата на Заев откри „нова…

Денес од одмор на јахтата на Заев…