ПАНИКА ВО СКОПЈЕ: Граѓаните масовно ги празнат полиците со овој продукт

t

Трговците велат дека од средата вечерта до четвртокот продале пакувана вода како за цел месец. Едно балонче од 6 литри се продава од 50 до 60 денари, а помалите пакувања од 12 парчиња или оние од 1,5 литри се бараат дури и во трафиките. Дел од граѓаните грабаат и газирани води за не дај Боже

Освен што ги полнат кадите, а во функција ги ставаат и сите расположливи кофи, вангли и шишиња, Скопјани нагрнаа по дуќаните за навреме да се снабдат со вода за пиење. Паниката предизвикана од веста за големиот дефект и неговата подолготрајна санација ги натера да купуваат по неколку балони негазирана вода. Трговците велат дека од средата вечерта до четвртокот продале пакувана вода како за цел месец.

Едно балонче од 6 литри се продава од 50 до 60 денари, а помалите пакувања од 12 парчиња или оние од 1,5 литри се бараат дури и во трафиките. Дел од граѓаните грабаат и газирани води за не дај Боже. Државниот завод за статистика, не води евиденција за потрошувачката на пакувана вода за пиење, но лани едно домаќинство потрошило 70,8 литри минерална вода. Слична потрошувачка на пакувана вода се случи на крајот на септември и во Струмица, откако тамошниот ЈПКД „Комуналец“ ги извести жителите на овој град дека водата од водоводната мрежа не е безбедна за пиење.

Ова известување предизвика паника меѓу граѓаните, кои веднаш почнаа масовно да ја купуваат флашираната вода од маркетите. За кратко време, рафтовите во најголемиот дел од продавниците беа испразнети. Според информации од неколку продавници, побарувачката била голема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…

Горивата се берзански производ на кој не…

Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…

Откако израелската армија нападна ирански цели во…

Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…

Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…

(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…

Во најавената епизода на „На кавга со…

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…