Нема панично вадење на депозитите од Македонските банки

t

Од Народна банка за „Вистиномер“ изјавија дека „не се точни информациите дека деновиве се случуваат панични повлекувања на депозити од банките“ и нагласуваат дека „солвентноста на македонските банки, во никој случај не е доведена во прашање“. Во однос на инфлацијата, од Народна банка велат дека истата е над првичните проекции и изнесува 6,7 отсто во јануари. Но, оттаму напоменуват дека ова е умерена инфлација, а не галопирачка. Она што е важно да се нагласи и да се направи разлика во јавноста е дека инфлацијата не е и девалвација. Одговорно тврдиме дека денарот е и ќе остане стабилен, велат од НБРСМ.

Информациите на Инфомакс говорат дека изминативе неколку дена македонските граѓани масовно ги повлекуваат парите од банките пред се поради неизвесната ситуација во која се наоѓа светот, но и државата.

-Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,71 проценти и бележи месечен и годишен пад од 0,03 п.п. и 0,22 п.п., соодветно, велат од НБРМ.

Само минатата година македонската економија забележа инфлација од 6,7 проценти, инфлација која го изеде стандардот на граѓаните, а истата се очекува да галопира и понатаму во услови кога веќе утре се одмрзнуваат цените на основните продукти кои поради енормното зголемување на цените беа замрзнати од страна на Владата.

Но не е само инфлацијата, светот во моментов е во најголемата криза од завршувањето на Студената Војна, војната во Украина и натаму беснее, а рускиот претседател Владимир Путин отворено нареди нуклеарните сили на Русија да го зголемат нивото на готовност што упатува на тоа дека тој е подготвен да го искористи рускиот нуклеарен потенцијал.

Западниот свет одговори со сериозни санкции кон Русија кои колку ќе му наштетат на рускиот народ и олигарси толкава штета ќе предизвикаат и по глобалната економија. Сето ова се случува во моменти кога не знаеме воопшто каков ќе биде рускиот одговор на западните санкции.

Од НБРСМ за „Вистиномер“ изјавија дека „не се точни информациите дека деновиве се случуваат панични повлекувања на депозити од банките“.

Согласно податоците на НБ, а ние го следиме движењето на вкупните депозити на дневна основа, движењата на депозитите не отстапуваат од вообичаените промени во текот на месецот. Впрочем, податоците покажуваат дека продолжува трендот на кумулативно зголемување на депозитите во домашните банки и во текот на февруари, велат оттаму.

Од институцијата додаваат дека на дневна основа движењата на вкупните депозити се условени од повеќе фактори, а, пред сè, од поголемите приливи на сметките во деновите на исплата на плати, пензии и други примања и последователни измирувања на обврски и трошења на граѓаните во наредните денови.

Анализата на неделните промени на депозитите на домаќинства во просек упатува на поповолни движења на овие депозити во последната недела од февруари (заклучно со 27 февруари) во однос на претходната недела од месецот. Така, во просек во последната недела депозитите на домаќинствата се зголемени за по околу 230 милиони денари дневно или околу 1,6 милијарди за целата недела, додека претходната недела во просек на дневна основа тие се намалиле за околу 114 милиони денари или околу 800 милиони за целата недела. Притоа, заклучно со 27 февруари, на месечна основа депозитите на домаќинства пораснале за околу 2 милијарди денари, наведуваат од НБ.

Оттаму додаваат дека „солвентноста на македонските банки, во никој случај не е доведена во прашање“.

Напротив, низ годините формирани се доволно заштитни механизми и стабилноста на банкарскиот систем е на највисоко ниво, што е забележано и во извештаите на меѓународните финансиски институции. Исто така, во домашниот банкарски систем нема банка во доминантна сопственост на акционери од Русија и Украина, со што, од овој аспект, не постои изложеност за влијание врз стабилноста на банкарскиот систем, објаснуваат од НБ.

Во однос на каматната стапка на депозитите, таа во јануари 2022 има намалување на месечна и на годишна основа за 0,03 отсто, односно 0,22 отсто.

Но, ако погледнете има намалување и кај каматната стапка на кредитите на месечна и на годишна основа за 0,02 отсто, односно за 0,27 отсто. Намалувањето на каматните стапки и на кредитите и на депозитите е резултат на олабавувањето на монетарната политика преку намалување на основната камата, со цел да се обезбеди поголема ликвидност во економијата со цел поддршка на компаниите и граганите во време на светска пандемија. Во однос на инфлацијата, истата е над првичните проекци и, со 6,7 отсто инфлација во јануари. Но, ова е умерена инфлација, а не галопирачка. Глобално цените на храната и на енергенсите растат и ова е светска појава, а не само кај нас. Кај многу економии се забележуваат и повисоки стапки на инфлација. Тековните случувања во руско – украинските односи дополнително делуваат на глобалните пазари на примарни производи, но ефектите и времетраењето на овие трендови ќе зависат од понатамошниот развој на кризата. Тековно, секаде се преоценуваат претпоставките поврзани со инфлацијата, но во ниедно сценарио ниту за глобалната, ниту за домашната економија не станува збор за галопирачка инфлација. Она што е важно да се нагласи и да се направи разлика во јавноста е дека инфлацијата не е и девалвација. Одговорно тврдиме дека денарот е и ќе остане стабилен. Располагаме со голем број на монетарни инструменти, меѓу кои најважни се девизните резерви кои се на високо ниво, двојно повисоко од 2008 година. Стабилноста на курсот на денарот нема да биде доведена во прашање, уверуваат од НБ.

И да потсетиме дека последните настани на светско ниво се случуваат по пандемија и во услови во кои и онака светската економија беше доведена на колена.

Каде граѓаните ги трошат парите од овие депозити можеме да видиме по празните полици во големите маркети и паничното купување од страна на граѓаните на основни прехрамбени продукти.

Причината за сето ова е недовербата која граѓаните ја имаат во македонските институции и нивната способност да се справат со кризата, особено кога станува збор за државните резерви.

Да потсетиме дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ помпезно најави дека ја купил сета сол од Тузла, но и дека Србија прави сериозни залихи на други основни продукти кои во услови на сериозен конфликт треба да и помогнат на Србија да ја помине кризата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Интер го декласира Удинезе и се врати…

Фудбалерите на Интер одиграа феноменално и вчера,…

Македонија ЃП: Време е за оставки!

Сè уште не се смируваат страстите по…

Откако на Тито му ја ампутирале ногата,…

Јосип Броз бил во добра здравствена состојба…

ДРАМА НА МАЛТА: Балканци му се заканувале…

Тројца Срби се обвинети за киднапирање и…

Хороскоп за недела (10 декември)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не…