Панов: Жената врз која падна дрво не е во животозагрозувачка состојба

t

Жената на околу педесетина години врз која попладнево падна дрво кај „Европски универзитет“, не е во животозагрозувачка состојба, потврди за МИА, доктор Драган Панов од Итната медицинска помош во Скопје.

– Наша екипа со помош на пожарникари ја извлекле. Таа немала надворешни видливи повреди. Се пожалила на болки во кичма и по телото, по што е однесена на опсервација на клиника. Треба да се направат снимки за да се види дали има некаква фрактура, појасни тој за МИА.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека од силниот ветер, попладнево има паднати дрвја на неколку локации низ главниот град на државава.

Синоптичарите за остатокот од денот најавија пороен дожд, грмежи, град и силен ветер над 70 километри на час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Ирена Алексиоска Папестиев е нова директорка на…

Путин: Сериозно ја сфаќаме изјавата на Трамп…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека…

Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка,…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка…

Марина Димовска го помина комисискиот филтер за…

Членовите на собраниската Комисија за прашања на…

Трамп има убедливо водство пред Бајден во…

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп има значителна предност…