Панче се крие од светските медиуми: МВР не одговорило на прашањата на Политико за инцидентот со Османи
Kосовската претседателка Вјоса Османи во четвртокот беше дел од инцидент со обезбедувањето на аеродромот во Скопје, која прерасна во дипломатска расправија, пишува Политико.
Инцидентот започнал кога Османи, која патувала од македонскиот главен град за Словенија, одбила да го предаде мобилниот телефон на обезбедувањето на аеродромот, кое побарало да го скенира, изјави за косовските медиуми Егнеса Витиа, советничка на претседателот.
Витиа го нарече барањето „спротивно на меѓународните практики“ и рече дека одбивањето на Османи, навело член на персоналот на аеродромот да се обиде да го „турне“ претседателот.
„Претседателката не го [предаде нејзиниот телефон] бидејќи тоа би било сериозно прекршување“, рече Витија. „И покрај објаснувањето на правилата што тимот на претседателот му ги соопштил на аеродромскиот службеник, тој се обидел физички да го турне претседателот“, при што интервенирало обезбедувањето на Османи, рече Витиа.
Портпаролот на Османи Беким Купина остро го критикуваше „арогантното и насилничко однесување“ на персоналот на аеродромот, додавајќи дека расправијата е „без преседан и никогаш не се случила на ниту едно патување на претседателот никаде во светот“.
„Јасно е дека во предметниот случај имаше желба да се испровоцира делегацијата на Република Косово и да се предизвика инцидент“, рече Купина.
Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија потврди дека се случил инцидентот, но даде различно објаснување, велејќи дека припадник на обезбедувањето на Османи физички повлекол член на персоналот на аеродромот за да и дозволи на Османи да помине низ граничната контрола без да и се скенира телефонот, се вели во соопштението за македонските медиуми.
Во соопштението на министерството се додава дека половина час подоцна, на аеродромот пристигнале тројца безбедносни службеници кои работеле за претседателот на парламентот на Северна Македонија, Африм Гаши, „и почнале да им се закануваат на вработените на [Меѓународниот аеродром Скопје] и да прашуваат кој му направил проблем на претседателот“, по што еден од службените лица „турнал полицаец кој работел на граничниот премин“.
Во соопштението за локалните медиуми, канцеларијата на Гаши деманираше, велејќи дека неговото обезбедување „било само за да се смири ситуацијата“ и да се реши спорот меѓу персоналот на Османи и обезбедувањето на аеродромот.
Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија соопшти дека покренало истрага за инцидентот, кој првиот вицепремиер Изет Меџити го нарече „недоразбирање“.
Претставниците на Османи и на македонското МВР не одговорија на барањето на ПОЛИТИКО за коментар пред објавувањето.
Извор: Политко
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…
Во рамките на апелот на Црвениот крст…
Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Гаши на средба со Алиев: Азербејџан работи…
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…
Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…
Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…
На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани
Вчера во 5:30 часот на граничен премин…