Папата апелира на скромни прослави за Божиќ: Заштедените пари да се донираат во Украина
Папата Франциск ги покани христијанските верници ширум светот на поскромна прослава на Божиќ оваа година со цел да им помогне на Украинците со „конкретни гестови на милосрдие“.
„Убаво е да се слави Божиќ и да се слави општо, но ве повикувам малку да го намалите нивото на трошење за Божиќ. Да го прославиме поскромниот Божиќ и да го испратиме тоа што ќе го заштедиме на граѓаните на Украина на кои им е потребно“, рече Папата, пренесува АП.
Од почетокот на војната во Украина, папата Франциск во неколку наврати повика на испраќање помош за Украина.
Ватикан организираше неколку хуманитарни акции за да и помогне на Украина, вклучително и донација на облека овој месец за да им обезбеди на Украинците топла термална облека поради недостаток на греење и електрична енергија во таа земја предизвикани од руските ракетни напади врз украинската инфраструктура, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…