Папата ги повика Иран и Израел да бидат разумни
Папата Лав XIV ги повика Израел и Иран да покажат одговорност и разум откако двата најголеми непријатели се судрија во нивниот најголем конфликт досега.
„Ситуацијата во Иран и Израел сериозно се влоши во толку деликатен момент. Сакам категорично да го обновам мојот повик за одговорност и разум“, рече папата во соопштението.
„Посветеноста за градење побезбеден свет, ослободен од нуклеарната закана, мора да се спроведе преку почитувана средба и искрен дијалог. Никој никогаш не треба да го загрозува постоењето на другиот“, инсистираше тој, цитиран од агенцијата Франс-прес.
Израел започна ракетен напад врз иранските нуклеарни и воени објекти, при што загинаа неколку високи функционери и предизвика контранапад од Иран. Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху рече дека нападот на Израел врз неговиот најголем непријател ќе трае „колку што е потребно денови“ и се повика на израелските разузнавачки информации дека Техеран се приближува кон „точка без враќање“ со својата нуклеарна програма.
Иран го опиша израелскиот воздушен напад како „објава на војна“ и вчера и денес испука десетици ракети кон Израел. Меѓународните повици за воздржаност се зголемуваат, бидејќи растат стравувањата дека Блискиот Исток би можел да биде на работ на поширок конфликт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 22 наши државјани побарале помош за…
Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за…
Иран тврди дека уапсиле двајца припадници на…
Иранските власти велат дека уапсиле двајца членови…
Нетанјаху: 13 загинати во иранските напади, меѓу…
Тринаесет лица загинаа во иранските напади врз…
Македонското МНР активира контакт-линии за наши државјани…
Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток,…
Трамп му се закани на Иран: Ако…
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека…