Папата ги повика Иран и Израел да бидат разумни
Папата Лав XIV ги повика Израел и Иран да покажат одговорност и разум откако двата најголеми непријатели се судрија во нивниот најголем конфликт досега.
„Ситуацијата во Иран и Израел сериозно се влоши во толку деликатен момент. Сакам категорично да го обновам мојот повик за одговорност и разум“, рече папата во соопштението.
„Посветеноста за градење побезбеден свет, ослободен од нуклеарната закана, мора да се спроведе преку почитувана средба и искрен дијалог. Никој никогаш не треба да го загрозува постоењето на другиот“, инсистираше тој, цитиран од агенцијата Франс-прес.
Израел започна ракетен напад врз иранските нуклеарни и воени објекти, при што загинаа неколку високи функционери и предизвика контранапад од Иран. Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху рече дека нападот на Израел врз неговиот најголем непријател ќе трае „колку што е потребно денови“ и се повика на израелските разузнавачки информации дека Техеран се приближува кон „точка без враќање“ со својата нуклеарна програма.
Иран го опиша израелскиот воздушен напад како „објава на војна“ и вчера и денес испука десетици ракети кон Израел. Меѓународните повици за воздржаност се зголемуваат, бидејќи растат стравувањата дека Блискиот Исток би можел да биде на работ на поширок конфликт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Трамп: Војната во Иран практично е завршена
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…